БАЗНА СТАНИЦА – ЛАЗАРОПОЛЕ
На постоечката базна станица Лазарополе, направена е дополнителна надградба со интеграција на нов хибриден систем за напојување на опремата. Системот за напојување на опремата главно се состои од следниве сегменти:
• Фотоволтаична централа – сончевата енергија се апсорбира со помош на фотоволтаични панели, се претвора во електрична, при што добиената електрична енергија се чува во акумулаторски батерии.
• Дизел агрегат кој автоматски се вклучува во случај на недостиг на акумулирана енергија од батериите.
На овој начин, за да функционира опремата од локацијата, на годишно ниво се заштедуваат околу 13000 литри дизел гориво, што е значителен придонес кон заштитата на околината од емисија на штетни гасови.