Дата центар претставува простор кој се користи за сместување на компјутерски системи и придружни компоненти, како што се телекомуникациски уреди и системи за складирање податоци. Дата центрите обично вклучуваат редундантни или резервни компоненти и инфраструктура за напојување, врски за комуникација со податоци, контроли за животна средина (климатизација и заштита од пожар), како и други безбедносни уреди.

За да може дата центарот беспрекорно да функционира, неопходни се следниве сегменти.

UPS УРЕДИ
УПС уредот е клучна компонента за управување со енергијата кај дата центрите. ФИБЕРНЕТ М-К нуди скалабилни УПС уреди со високи перформанси, дизајнирани за дата центри и индустриски апликации.
Тие користат најсовремена технологија за намалување на трошоците за енергија преку многу високи оценки за ефикасноста и новиот иновативен режим ECOnversion. Управувајте со енергијата насекаде преку локална или далечинска комуникација преку екран на допир или пак, преку веб интерфејс.
Некои од УПС уредите за дата центри имаат влез за двојна мрежа, автоматски бајпас и скалабилно времетраење преку hot-plug батерии, за поголема достапност.

Располагаме со УПС уреди за дата центри со капацитети на моќност од 10 kVA до 1600 kVA.

 
Генерално, UPS уредите за дата центри се делат на:
• Самостојни
• За монтажа во кабинети/ормани

КАБИНЕТИ И ОРМАНИ
За да може еден дата центар да функционира беспрекорно, неговите елементи треба правилно да бидат поставени во соодветни кабинети и ормани. Како составен дел од дата центрите, кабинетите и орманите имаат суштинско значење. Благодарение на нив, може лесно да се направи квалитетно поврзување на компонентите, педантно да се организираат каблите и најважното, да се изнајде најдобро решение за протокот на воздух, односно ладењето.

Кабинетите и орманите за дата центри овозможуваат поедноставен, поекономичен и побрз начин на изградба на самите дата центри или мрежните околини.

ФИБЕРНЕТ М-К во својата палета на производи, нуди кабинети и ормани за дата центри сертифицирани од водечки ИТ компании. Тие имаат специфично дизајнирано куќиште со голема цврстина и максимална издржливост до 1500 килограми на опремата која се вградува во нив. Во прилог на ова, располагаме со кабинети и ормани за дата центри со 3 различни висини:
– 42U
– 45U
– 47U

И неколку варијации на длабочини како:
– D1000 mm
– D1100 mm
– D1200 mm

 

Како проширување на палетата производи, нудиме и отворен тип на кабинети за дата центри. Тие се користат во случаите кога нема потреба од користење на затворени кабинети или ормани, заради подобра вентилација на воздухот. Отворените кабинети имаат побрз и полесен пристап до вградените компоненти и кабли, кога станува збор за монтажа и одржување. Достапни се во 5 изведби на висина како 27U, 36U, 42U, 45U и 48U. Делот за поврзување меѓу рамките може да се менува согласно трите достапни длабочини 670, 870 и 1070 mm. Капацитетот на оптоварување кај отворените кабинети изнесува до 600 kg.


Потребни се само 8 минути за состанување еден отворен двоен кабинет, додека, пак, само 3 минути се потребни за составување на единечен отворен кабинет.

Сите отворени кабинети се компатибилни за креирање на комбинирани решенија за дата центри со отворени и затворени кабинети или ормани.

Кабинетите и орманите за дата центри имаат професионален технички, но и естетски дизајн со украсен закривен раб и разни опции за предната и задната врата, во зависност од потребите на дата центарот.

ФИБЕРНЕТ М-К како изразита општествено одговорна компанија, внимава на сите елементи за заштита на животната средина. Така и во овој случај, нудиме кабинети и ормани за дата центри изработени според сите еколошки стандарди. Достапни се во црна и сива варијанта, повторно со користење на еколошките бои RAL 9005 црна и RAL 7035 сива.

ЕДИНИЦИ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – PDU
Единица за дистрибуција на електрична енергија или кратко PDU, е уред со повеќе излези за дистрибуција на електрична енергија, особено на компјутерски или мрежни компоненти лоцирани во еден дата центар. Во денешно време дата центрите се соочуваат со предизвици во заштита на електрична енергија и решенија за управување со неа. Ова е главна причина повеќето дата центри да се потпрат токму на PDU мониторинг за да се подобри ефикасноста и времето на работа.

Според надворешниот фактор, единиците за дистрибуција на електрична енергија генерално се делат на три категории:

• ЗА МОНТАЖА ВО КАБИНЕТ/ОРМАН 
Од наједноставни ленти со приклучоци до големи PDU единици преку подни површини, вклучувајќи и филтрирање на моќност за подобрување на квалитетот на електричната енергија со интелигентно балансирање на оптоварувањето. Понапредните модели имаат и опција за далечинска контрола и следење преку LAN или SNMP. Вградните единици за дистрибуција на електрична енергија нудат интелигентни можности како мерење на нивото на влез, излез или во самата единица. Поновите модели на PDU единици за вградување во кабинети или ормани, имаат IP поддршка, што значи дека повеќе единици може да се поврзат на една IP адреса и да се контролираат преку мрежа.

• САМОСТОЈНИ
Кај дата центрите, потребни се поголеми единици за дистрибуција на електрична енергија за напојување на сервери и мрежни уреди. Секој серверски кабинет може да има потреба од повеќе струјни кола, од различни фази на дојдовна моќност или од различни UPS уреди. Самостојните PDU единици вклучуваат главни прекинувачи, поединечни прекинувачи и панели за мониторинг на електрична енергија. Самостојните единиците за дистрибуција на електрична енергија имаат сопствено заземјување. Однапред дефинираните панели на горната и долната страна овозможуваат безбедно спроведување на каблите.

• ПРЕНОСНИ
Поседуваат слични карактеристики за дистрибуција и управување со електрична енергија, со единствена предност што може да се пренесуваат на различни локации, благодарение на нивната нагласена преносливост до одреден степен.

Неизоставен дел кај напојувањето на дата центрите се и добро познатите автоматските трансфер склопки или ATS. Тие обезбедуваат сигурна и редундантна електрична енергија. Доколку примарниот извор на енергија стане недостапен, автоматската трансфер склопка ќе генерира енергија од секундарниот извор без да ги прекине критичките оптоварувања. Контролата врз ваквите склопки може да се прави мрежно или преку веб интерфејс.

ПАСИВНА ОПРЕМА
Кај сите дата центри, особено оние посложените, добро дизајнираниот систем на структурно каблирање ја зголемува ефикасноста во работењето, истовремено намалувајќи ја стапката на технолошки и оперативни трошоци. За да се задоволат сегашните и идните барања за пренос на податоци, потребите за мрежно складирање и поддршката за мултимедијални комуникации, ФИБЕРНЕТ М-К располага со решенија за да ги задоволат критичните мрежни апликации и ќе обезбедат флексибилна инсталација на дата центри.

Каблирањето кај дата центрите може да биде:

СТРУКТУРИРАНО
Структурното каблирање користи предефиниран дизајн на база на стандарди со предефинирани точки за поврзување и патеки. Каблите што се користат во структуриран дизајн на жици се специфицирани според барањата на пропусниот опсег на системот и се тестираат за да се обезбеди правилна изведба. Структурното каблирање во еден дата центар значи и добра организација и обележување. Иако структурното каблирање може да потрае подолго за инсталација и да има повисока почетна цена, оперативните трошоци на крајот ќе бидат пониски и животниот циклус на системот ќе биде подолг кога ќе се спореди со неструктуриран систем на каблирање.

 

НЕСТРУКТУРИРАНО
Познато е како Point to Point каблирање. Не користи претходно дефинирани стандарди, точки за поврзување или патеки. Овој систем за каблирање може да доведе до проблеми со ладењето, бидејќи протокот на воздухот обично е ограничен. Ова исто така може да доведе до повисоки трошоци за енергија. Дополнително, управувањето со растот на системот станува тешко, бидејќи нема план за промена на локациите на кабли или за водење на ново каблирање. Иако за неструктуриран систем за каблирање е потребно помалку време за инсталација и има пониска почетна цена, оперативните трошоци ќе бидат повисоки и животниот циклус ќе биде пократок во споредба со структурираниот систем на каблирање.

 

 

Типови на каблирањето кај дата центри:

ОПТИЧКИ КАНАЛИ
Следејќи ги модерните технолошки трендови, при конфигурирање на денешните дата центри, често пати се користи и фибер оптика како медиум за пренесување на информации при големи брзини и големи растојанија. За оптичката комуникација да тече непрекинато и брзо, потребно е инсталирањето на оптичките кабли да се изведе безбедно и сигурно. Едно такво решение се токму каналите за оптички кабли. Со нивна помош се заштитуваат оптичките кабли од надворешни влијанија и електрични пречки, што придонесува за подобра оперативна структура на оптичките влакна.

Главните делови на каналите за оптички кабли се изработени од ПВЦ (агли, Т свиоци, приклучоци, излезни делови и слично).

Еве некои од главните карактеристики на каналите за оптички кабли:

  • Отпорност на температура– каналите за оптички кабли, кои ФИБЕРНЕТ М-К ги нуди во својата палета, се тестираат на екстремни температури од -40 °C до 60 °C. Резултатот е нема никакви пукнатини, стврднување, деформација или оптоварувања.
    • Отпорност на пожар – каналите за оптички кабли имаат одлична издржливост и при пожар. Исполнети се општоприфатените стандарди за издржливост при пожар до 30 минути.
    • Електрична изолација – каналите за оптички кабли имаат резултат повеќе од 100 kΩ изолација при 93% влажност и температура од 40 °C. Исто така, при висок напон од 42kV за време од 60 секунди не се забележуваат никакви деформации или дупки во каналите.

 

Особини на каналите за оптички кабли:
– Флексибилен систем од канали за оптички кабли, специјално изработени за да одговараат на сите видови оптички кабли
– Системот е целосно затворен за заштита на оптичките влакна од прашина и нечистотија
– Каналите се доволно цврсти за да ги заштитат оптичките влакна и од најригорозните надворешни влијанија


– Лесни се за монтажа и демонтажа. Единствено нешто што е потребно се практична примена, шрафцигер и пила за прилагодување на должините
– Лесните прегради овозможуваат брзо и лесно инсталирање или отстранување на оптичките влакна, без притоа системот да се исклучи
– Каналите за оптички кабли изработени се од материјали кои не содржат халоген.

 

 

 

 

Заштитните канали за оптички кабли се достапни од минимална димензија 50х50 mm, до максимална димензија од 300х100 mm. Ова го зголемува спектарот на оптички кабли кои може да се користат.


ЦЕВКИ И ЗАПТИВКИ ЗА КАБЛИ
Како да заштедите време и енергија при обезбедување сигурна и континуирана работа на дата центрите? Иако ова е едно од најтешките прашања, не сте далеку од одговорот. Искористете ги придобивките од најиновативните и флексибилни цевки и заптивки за кабли. Ви нудиме долгорочно партнерство за заштита на вашите дата центри и сервер сали од пожар и поплава. Со обезбедување на паметни и сертифицирани решенија, ние ќе ви помогнеме да ја осигурите безбедноста и ефикасноста во текот на изведбата на дата центрите и потоа низ целиот работен циклус.

Заптивките кои ги нуди ФИБЕРНЕТ М-К се многу повеќе од заштита од пожар.

Заптивките се поставуваат околу кабли или цевки во рамки кои се прицврстени на конструкцијата со заварување, зацврстување или леење. Рамките се достапни во различни материјали и за секаков вид на структура. Системот се запечатува по пат на компресија. Решението овозможува ефикасно користење на енергијата и постојано проширување.

ПОКРИВИ, ЅИДОВИ ИЛИ ПОДОВИ
Поставете ги сите кабли и цевки низ истото отворање. Нудиме транзитни заптивки за подземна употреба, како и за модификација на постоечки кабли и цевки. Предностите на заптивките се:

– Брза и лесна монтажа и демонтажа
– Одлични можности за задржување на кабелот
– Решенија за постојан притисок на вода
– Непропустливост на вода, воздух и чад

КАБИНЕТИ, ПАНЕЛИ И ОПРЕМА
Ракувајте со каблите на начин на кој вие тоа го сакате. Нудиме заптивки кои овозможуваат поврзување, заземјување и заштита од гром. Предности на ваквите заптивки се:

– Компактни со лесна замена на кабелските јазли
– Дизајнирајте единечен излез и заштедете простор
– Користете претходно завршени кабли за да го намалите времето на инсталација

Заптивките совршено се вклопуваат, без оглед на димензијата на кабелот или цевката.

Заптивките како уникатно и паметно решение кај дата центрите, го поедноставуваат дизајнирањето, инсталирањето и контролирањето. Избегнете непријатни изненадувања на лице место поради доцни промени и намалете го користењето на дополнителни предмети. Резервните модули секогаш се подготвени за надградби и можат да се справат со голема густина на кабел и цевки.

Заптивките за запечатување на кабли и цевки се отпорни на:
– Гас и воздушен притисок
– Оган и чад
– Вода и течности
– Штетници и глодари
– Прашина
– Свиткување или оптоварување на каблите
– Експлозивно оптоварување

Прилагодувањето според специфични потреби е дел од нашиот концепт на услуги. Нашите дизајнери, инженери и техничари за тестирање секогаш се подготвени да го прифатат предизвикот на запечатување – дури и ако тоа бара создавање ново решение. Во многу случаи, веќе имаме доставено слично решение кое ни овозможува да реагираме многу брзо на вашето барање.

Ние сме подготвени да ја искористиме нашата експертиза за да ви помогнеме да го продолжите животот на вашиот дата центар и да ја задржите неговата вредност во годините што доаѓаат. Обезбедуваме услуги за дизајн, ви помагаме да го избереме вистинското решение и да ви помогнеме на лице место со спроведување на визуелни инспекции за да бидете сигурни дека инсталираните заптивки ги задоволуваат безбедносните барања и официјалните прописи.

ПОДИГНАТ ПОД ЗА ДАТА ЦЕНТРИ
Еволуцијата на модерните дата центри ги нагласува специфичните потреби за безбедност, флексибилност и модуларност, поради зголемените термички оптоварувања, капацитетите за размена на податоци, обемот на каблите и конекциите. Подот за пристап претставува сигурен и ефикасен избор и обезбедува високи перформанси со најниски трошоци за управување.

Кои се предностите на користење подигнат под кај дата центрите?
• Прилагодување според разновидни решенија за ладење – просторот под подигнатиот под е идеален за поставување разни решенија за ладење, како на пример системи за директна дистрибуција на воздух и слично.
•  Пониска почетна инвестиција – распоредот на дата центарот бара флексибилност во користењето на просторот. Совршената модуларност на подигнатиот под овозможува да се замени постоечка структура и панели, со што се намалуваат првичните трошоци за инсталација.
• Флексибилност со текот на времето – во подигнатиот под сите системи за енергетска мрежа може лесно да се адаптираат и да се надградат според идните потреби кои не можат да се предвидат при создавањето на дата центарот.

  • Безбедност и сигурност– во случај на непогода од поплава, подигнатиот под ги држи каблите и уредите надвор од ризик и оштетување.
  • Ефикасна организација – комплетната структура на модуларниот подигнат под е составена од вертикални потпори кои овозможуваат одличне флексибилност. Тоа го прави идеален за организирање на разни оперативни системи во разни периоди од функционирањето на дата центарот.
  • Минимални трошоци за одржување – пристапот до системите во случај на дефект или за одржување е лесен и директен. Корисникот може да пристапи до подигнатиот под буквално од сите страни, на флексибилен и безбеден начин, без употреба на скала или други уреди.

 

ФИБЕРНЕТ М-К има долгогодишно искуство како интегратор на дата центри. Решенијата клуч на рака од нашата компанија се базираат на експертизата на нашата компанија, акумулирана од долгогодишното искуство реализирано од нашиот стручен тим посветен на секој тип на систем и инсталација.

СОФТВЕР ЗА МОНИТОРИНГ
Веруваме сте убедени дека со нашите решенија дата центрите се само дел од детска игра. Тоа е така бидејќи тимот на ФИБЕРНЕТ М-К одлично си ја познава работата. Ние ќе го создадеме и реализираме најидеалното решение, во зависност од тековната ситуација. И, дата центарот ќе функционира одлично. Сигурно се прашувате, но што потоа? Решение имаме и за тоа, но овој пат се работи за софтвер. Нудиме сеопфатен пакет на модуларни и интегрирани софтверски алатки за управување и следење на работата на дата центарот.

Софтверското решение за мониторинг на дата центри кое го нуди ФИБЕРНЕТ М-К обезбедува ефикасен начин за организациите да ја следат физичката инфраструктура преку моќ, ладење, безбедност и животна средина. Следењето во реално време, кориснички дефинирани извештаи и графикони и инстант известување и ескалација овозможуваат брза проценка и решавање на критични инфраструктурни настани кои можат негативно да влијаат на достапноста на ИТ системот. До ова централизирано складиште на критични информации може да пристапат повеќе корисници од било која локација во мрежата, создавајќи консолидиран поглед на инфраструктурата на дата центарот. Оваа отворена и флексибилна архитектура се проширува со менување на бизнис потребите преку дополнителни уреди, дополнителен надзор, модули за управување со промените, како и преку интеграција со други системи.

Карактеристики и бенефити:
• Напредно групирање на уреди – Дефинирајте го корисничкиот пристап и можностите за гледање на одделни групи. Контролирајте пристап до уреди од администраторски дефинирани кориснички сметки. Дополнителниот кориснички пристап може да се управува со помош на вградената поддршка за LDAP и Active Directory.
• Автоматско откривање – Го намалува времето потребно за инсталирање и распоредување на физичките инфраструктурни уреди со автоматско откривање на менаџибилни уреди во вашата мрежа.
• Приватно вмрежување – Намалување на IP адресите потребни на јавната мрежа за управување со уреди, ставајќи ги на изолирана безбедна мрежа.
• Масовна конфигурација – Сеопфатна можност за креирање, зачувување и конфигурирање на специфични подесувања на истородни уреди.
• Прилагодено мапирање – Приспособените позадини, уникатните икони за доделување на корисник и поставувањето уред преку drag-and-drop опција го олеснуваат идентификувањето на проблематичните уреди на прв поглед, минимизирање на времето на застој, грешки и трошоци.
• Известување за грешка – Известувањето за настанот во реално време го минимизира времето на одговор на критичните ситуации на физичката инфраструктура. Овозможува ИТ администратори да го намалат средното време за поправка, да ја подобрат ефикасноста и да го зголемат времето на работа на дата центрите.
• Централизирано управување – Поедноставете го управувањето на инфраструктурата на дата центарот со користење на централизирано складиште достапно од било каде во мрежата преку моќна конзола апликација, лесна за употреба.
• Пребарување – Брзо лоцирајте уреди и сигнали преку полето за пребарување.
• Филтри за аларми – Прилагодете го корисничкиот интерфејс за прикажување на уредите во критични, предупредувачки или нормални статуси.
• Следење во реално време – Непосредна видливост на целата своја физичка инфраструктура преку централизирано следење на уредот во реално време и известување што овозможува брза проценка на настаните што се случуваат.
• Унифицирана конзола – Прилагодливата клиентска апликација за Windows и Linux овозможува моментален пристап до апликацијата од било каде во мрежата.

  • Графичка анализа– Пристап до тековни и историски податоци за секој уред или група на уреди. Графиконите на повеќе податоци укажуваат на логичка корелација за да се визуелизираат потенцијалните опасни функции.
  • Локализиран кориснички интерфејс – Обезбедува локализиран кориснички интерфејс, вклучувајќи известувања и описи на аларми на 10 локални јазици.
  • Интегрирано складирање податоци – Софтверот располага со простор за внатрешно складирање на податоци за да може корисникот лесно и брзо да пристапува до истите.
  • Поддршка за далечинско следење – Веб-базирана услуга која служи за далечинско следење на физичката инфраструктура на дата центарот. Искусни професионалци работат непрекинато во позадина, за да обезбедат 24-часовен мониторинг и да помогнат во дијагностицирање на проблемите пред да станат критични.
  • Енкриптирана комуникација – Комуникацијата помеѓу серверот и клиентот се одвива преку 128-битна SSL енкриптирана комуникација, како и шифрирани лозинки складирани на серверот за да помогнат во заштитата на вашите ресурси.
  • Прилагодлив кориснички пристап – Дефинирајте го корисничкиот пристап и можностите за гледање на одделни групи. Контролирајте пристап до уреди од администраторски дефинирани корисници. Дополнителниот кориснички пристап може да се управува со помош на вградената поддршка за LDAP и Active Directory.
  • Поддршка за далечинско следење – Веб-базирана услуга која служи за далечинско следење на физичката инфраструктура на дата центарот. Искусни професионалци работат непрекинато во позадина, за да обезбедат 24-часовен мониторинг и да помогнат во дијагностицирање на проблемите пред да станат критични.
  • Централизирано предупредување – Пристапете до предупредувањата преку една централна база на податоци. Подреди ги предупредувањата според типот, датумот, уредот и/или групата на уреди.ПРЕЦИЗНА КЛИМАТИЗАЦИЈА
    Дата центрите работат без престан, и дење и ноќе. Одржувањето на ладењето и вентилацијата на дата центрите троши огромна количина електрична енергија. Современите прецизни системи за климатизација на дата центрите со енергетско ефикасно индиректно ладење, обезбедуваат достапност и постигнуваат до 40% заштеда на електрична енергија. ФИБЕРНЕТ М-К нуди решенија за прецизна климатизација на дата центри и серверски простории, независно од нивната намена и големина.

Системите за прецизна климатизација на дата центри се поделени на:

 

 

 

ЗАТВОРЕН ТИП КЛИМАТИЗЕРИ
Работат на принцип на водено ладење, а наменети се за средни и големи дата центри. Одлично предвидливо решение за непредвидливи околини. Интелигентни контролери активно се приспособуваат за да одговараат на оптоварувањето, адресирајќи ги динамичните потреби на денешните ИТ околини. Достапни во различни конфигурации, овие единици ги задоволуваат различните барања за ладење на дата центрите. Операторите кои сакаат да ја подобрат ефикасноста или да ја распоредат опремата со голема густина ќе имаат голема корист од модуларниот дизајн на ваквите системи за климатизација.

 

 

 

 

КЛИМА УРЕДИ СО СПЕЦИЈАЛНА ДИСТРИБУЦИЈА НА ВОЗДУХ
Тоа се системи за задржување на топлина и дистрибуција на ладен воздух дизајнирани да ја зголемат предвидливоста, капацитетот и ефикасноста на ладењето. Најчесто се наменети за вградување во кабинети или ормани. Контролата на активниот проток обезбедува интелигентно комуницирање со системот за ладење, со цел да се постигне поголем проток на ладење за целата ИТ опрема. Дополнително може да се избере и систем за заштита од пожар. Тој ги користи сензорите за температура за да детекција на пожар. Системот за заштита од пожари, исто така, може да се користи заедно со детектор за чад. Овој тип на ладење обезбедува безбедна и ефикасна околина за ИТ опрема и персонал со вградени дополнителни функции за LED осветлување со висока ефикасност при детекција на движење.

 

 

 

 

ЛАДЕЊЕ ЗА ПРОСТОРИИ
Станува збор за флексибилно ладење за помали ИТ средини. Овој тип на ладење постигнува голема ефикасност со мали оперативни трошоци. Контролата на брзината на вентилаторите значи дека испораката на протокот на воздух може да биде прилагодена во зависност од потребите, додека контролерот обезбедува прецизна температура. Микро процесорски контролер овозможува единиците да се рестартираат по прекин на електрична енергија без дополнителна интервенција.

 

 

 

 

ЛАДИЛНИЦИ И КОНДЕНЗАТОРСКИ ЕДИНИЦИ
Станува збор за ладилници со вентилатори за надворешна монтажа.
Ваквите ладилници се најдобро решение за ладење на големи дата центри. Овозможуваат флексибилност при монтажа. Имаат ниско ниво на бучава, контрола на ротацијата на вентилаторот и изолација на компресорот и куќиштето.
Напредниот систем за контрола постојано ги надгледува зададените точки за да гарантира дека уредот секогаш работи во рамките на оперативните граници и ќе ги сигнализира сите грешки пред дефект.

КЛИМАТИЗЕРИ ЗА БАЗНИ СТАНИЦИ И МОБИЛНИ МРЕЖИ
Единиците може да се инсталираат надвор од телекомуникациски контејнер, со што најдобро се искористува просторот на контејнерот. Овие единици постигнуваат заштеди до 84% од оперативните трошоци. Од овој тип постојат и единици дизајнирани за инсталација во телекомуникациски контејнери. Овие единици имаат мешан режим, кој ефикасно го комбинира слободното ладење со работа на компресорот, драматично намалувајќи ги оперативните трошоци.