0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ФИБЕРНЕТ во дводневна посета на компанијата Дата Центар Груп во Германија

ФИБЕРНЕТ во дводневна посета на компанијата Дата Центар Груп во Германија

Тим од нашиот инженер Ненад Танчев, директорот за продажба Максим Илиевски како и нашиот колега Тони Здравковски беа во дводневна посета на компанијата Дата Центар Груп во германскиот град Бетцдорф.

При првата наша работна посета од страна на компанијата Дата Центар Груп беше направена презентација на нивната палета на производи како и детален практичен дел за монтажа на сигурносна модуларна ИТ соба која се користи за заштита на дата центри.

По склучување на договорот германската компанија треба да изработи една сигурносна модуларна ИТ соба која од наша страна ќе биде монтирана за потребите на една од најголемите банки во нашата земја.

По процесот на проектирање, изработка и испорака следува изведба од наша страна каде ќе биде присутен и инженер од компанијата Дата Центар Груп кој ќе врши надзор при самата монтажа.

mk_MK