Во современото деловно опкружување компаниите се стремат да понудат стандардизирани решенија кои можат да се распоредат на глобално ниво. Јасна непрекината комуникација е невозможна без јасно непречено снабдување со електрична енергија. Со различните напони кои се користат во целиот свет, ова може да биде сериозен предизвик. Затоа, ФИБЕРНЕТ М-К нуди производи за заштита од електрична енергија за да ви помогне полесно да ги решите овие предизвици.

 

Генерално, UPS уредите се поделени во три категории според технологијата, и тоа:

 

  1. Offline/Standby
    UPS уреди кои нудат најосновни функции, обезбедувајќи заштита од пренапон. Доколку напонот кој поминува низ UPS-от е под или над предодреденото ниво, SPS го вклучува своето внатрешно DC-AC инверторско коло, кое се напојува од батеријата на UPS-от.
    Во овој случај, UPS-от механички ја префрлува поврзаната опрема на својот DC-AC инверторски излез.

 

  1. Line-interactive
    UPS уреди со идентични функции како Offline/Standby UPS уредите, со тоа што имаат дополнителен автотрансформатор за детекција на променлив напон. Овој тип на UPS уреди можат да толерираат континуирана промена на напонот без активирање на вградената батерија.
    Автотрансформаторот способен е да покрие опсег од 170-264V за напон од 230V. Во случај кога напонот оди под или над овие вредности, тогаш се активира батеријата.

 

  1. Online/Double-Conversion
    UPS уреди кај кои батериите секогаш се поврзани со инверторот, така што нема потреба од прекинувачи за пренос на енергијата. Во случај на загуба на електрична енергија, исправувачот едноставно ќе излезе од колото и батериите ќе ја задржат стабилната и непроменета енергија.
    Главната предност на овој тип UPS уреди е нивната способност за обезбедување „електричен заштитен ѕид“ помеѓу влезната моќност и чувствителната електронска опрема. Овие UPS уреди се идеални за места каде е потребна електрична изолација или за опрема која е чувствителна на флуктуации на моќ.

Според намената за која се користат, UPS уредите може да се поделат во неколку категории:

UPS уреди има во различни изведби на форма и големина, меѓутоа двете најчести форми што се користат во секојдневието се познати како tower и rack-mount.

Со инсталирање на UPS уред, ги добивате следниве бенефиции:

• Намалување на трошоците за енергија со 99% ефикасност (во EcoMode)
• Обезбедување одличен квалитет на енергија во бараните електрични средини
• Управување со електричната енергија насекаде преку локална, далечинска комуникација или веб интерфејс

 

За да ви помогне да го задржите континуитетот на бизнисот и да се справите со прекините во електричната инсталација, ФИБЕРНЕТ М-К располага со сеопфатно портфолио на резервна моќност и опрема за дистрибуција, што ве заштитува од бројни закани, вклучувајќи прекини на струја, пренапон и удари од гром.

Исто така, можеме да обезбедиме пакет на производи за управување со енергија кои ќе ви овозможат да ја следите и контролирате енергетската инфраструктура. Нашата цел е да им обезбедиме на клиентите заштита на своите критични апликации со одржување на постојан проток на енергија во неповолни околности.

Во прилог на UPS уредите, нудиме и софтверско решение за управување со истите. Софтверот овозможува сигурно исклучување на системот во случај на продолжен прекин на струја или проблеми со пренапон, со што се спречува трајно оштетување на системот или на податоците.

Дизајниран со исклучителна user-friendly околина, тој пред се на корисниците им нуди оптимална заштита од електрична енергија врз основа на водечката стручна технологија за управување со енергија од APC.

Следењето на енергетските трошоци им овозможува на корисниците подобро да ја разберат енергијата која ја трошат заштитените уреди. Со помош на енергетските планови може да се прави дополнителна заштеда на трошоци.

 

ФИБЕРНЕТ М-К нуди UPS системи и решенија од реномирани светски производители APC by Schneider ElectricEATON Power Quality и DELTA Power Solution.