ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност го уредува односот помеѓу ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ (во понатамошниот текст “ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје”, “Контролорот”, “Компанијата” или “ние”) како Контролор и корисникот на веб страницата www.fibernet.mk (во понатамошниот текст “корисникот” или “Вие”) како субјект на субјект на лични податоци. Воедно, со оваа политика на приватност, ние ја исполнуваме нашата обврска за доставување на информации, предвидена во член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој купувач при регистрација и купување изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. Информациите кои нам ни се потребни се:  Име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт. Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме
  2. Процес на регистрација и најава
  3. Како ги собираме личните податоци
  4. За кои цели ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје ги користи податоците
  5. Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци
    • Безбедност на податоците
    • Политика за заштита на доверливите податоци и информации
    • Рок на чување на личните податоци
  6. Пренос на лични податоци
  7. Маркетинг
  8. Пристап и промена на Вашите податоци
  9. Социјални мрежи
  10. Приватност на трети страни
  11. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)
  12. Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци
  13. Обработувачи на лични податоци
  14. Користење на алатка reCAPTCHA
  15. Користење на веб форма за контакт
  16. Промена на политиката за приватност
  17. Како да го контактирате ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје
  18. Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци

ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или друга услуга од нас, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање, а меѓу другото, собираме: име и презиме, E-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Ние ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за реализација на самата нарачка и постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки – бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.

ПРОЦЕС НА РЕГИСТРАЦИЈА, НАЈАВА И КУПУВАЊЕ

На веб страницата на ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ за да се нарача производ, корисникот треба да се регистрира, при што е потребно да се внесат: име, презиме, лозинка (со најмалку 8 карактери) и е-маил адреса. По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Регистрирај се” или “Откажи” се наоѓаат две полиња за штиклирање:

  1. “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци на ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ објавени овде.”
  2. “Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата”

Процесот на регистрација не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира првото поле, односно не се согласи со општите услови и политика на заштита на личните податоци на ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ. Доколку корисникот не се согласува со општите услови, тој не може да биде регистриран и не може да ги користи услугите достапни на веб страницата.

Во процесот на најава, регистрираниот корисник внесува е-маил адреса и лозинка.

Во процесот на купување на производи, потребно е да се внесат: име, презиме, телефон, факс (незадолжително), компанија, адреса, општина, место и поштенски код. По внесувањето на овие податоци се појавува опција за одбирање на постоечката адреса или можност за внесување на нова адреса. Потоа може да се одбере начин на плаќање: “картичка” или “плаќање на врата”. Доколку се одбере плаќање со картичка, корисникот се пренасочува кон веб страницата на Интернационален Картичен систем АД Скопје Casys: www.cpay.com.mk, каде што е потребно да се внесат: име и презиме, број на картичка, CVV2/CVC2, рок на важност, износ, опис, инфо.

КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци. Вие имате целосна контрола врз Вашите лични податоци кои ни ги давате и можете во секое време да ги проверите, менувате, бришете Вашите лични податоци преку нашата веб-страница.

Ние не ги собираме Вашите лични податоци од други извори, односно не обработуваме лични податоци кои не се добиени од Вас како субјект на личните податоци.

ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје ја има со вас.

а) Промотивни е-маил пораки (Newsletter)

Доколку при регистрација имате дадено согласност да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности, тогаш на Вашата е-маил адреса ќе добивате вакви известувања. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во мејл пораката.

  1. При регистрација има поле за штиклирање со следниот текст:

“Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци на ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ објавени овде.”

  1. При регистрација има поле за штиклирање со следниот текст:

“Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата

б) Грижа на корисници

Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња.   Интеракцијата помеѓу ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје и Вашиот профил на социјалните мрежи се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку Месинџер чет достапен на нашата веб страница. ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје се обврзува да Ви одговори на сите ваши прашања и нејаснотии, но нема да ги користи за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.

Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:

  • регистрација и најава на корисникот;
  • реализација на Вашата нарачка;
  • постапување по Вашите барања;
  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
  • да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;
  • да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи;
  • да Ви испраќаме известувања, актуелности и промотивни активности.

КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.

Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери кои се наоѓаат во Р. С. Македонија, во сопственост на хостинг провајдерот и ригстрарот на домени на МКхост. Ние се имаме осигурано дека ова Друштво, како обработувач, презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои се наоѓаат на нивните сервери и постапува во целост согласно Законот за заштита на личните податоци.

Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка, не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме НЛБ Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати податоци се енкриптирани.

Политика за заштита на доверливите податоци и информации

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

Pок на чување на личните податоци

Лични податоци од Вашиот кориснички профил се чуваат сѐ додека постои Вашиот кориснички профил. Доколку сакате да го избришете Вашиот кориснички профил, тоа можете да го сторите во секое време преку панелот за корисници на нашата веб страница.

При бришење на Вашиот кориснички профил, неповратно се бришат Вашите лични податоци од активните системи (live systems), па затоа нема да добивате известувања од нас и нема да можете да ги користите услугите преку нашата веб страницата.

Нарачките кои сте ги направиле преку Вашиот кориснички профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци од корисничкиот профил, заедно со датумот на создавање на корисничкиот профил и датумот на бришење на корисничкиот профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци за претплатниците од промотивни е-маил пораки (Newsletter) се чуваат сѐ додека претплатникот не се одјави од услугата.

Апликација за вработување од кандидат заедно со пропратни документи се чува сѐ до избор на кандидат за вработување на тој конкурс.

Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чуваат 3 години од решавање на барањето.

Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.

По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ не врши пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

МАРКЕТИНГ

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ врши директен маркетинг, на начин што на корисниците кои при регистрација дале согласност, им испраќа известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.

Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците, или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.

Во секое време можете повторно да ја дадете Вашата согласност за директен маркетинг преку внесување на Вашата е-маил адреса во полето “ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ ЗА НАШИОТ E-MAIL БИЛТЕН” достапно на нашата веб страница.

ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛОТ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат.

Доколку сакате да го избришете профилот тоа може да го сторите со логирање на Вашиот профил, преку секцијата „Лични податоци“, па со едноставен клик на полето „Избриши го мојот профил“.

По клик на ова поле, ќе се појави ново прозорче со следниот текст: „Дали сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил? *доколку сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил, на Вашиот е-маил со кој се имате регистриано ќе добиете е-маил порака со линк на кој треба да кликнете како би го потврдиле бришењето на профилот.“

По потврдување на полето, на Вашиот е-маил со кој се имате регистрирано, ќе стигне е-маил порака од ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ со прилог линк на кој треба да кликнете за да го потврдите бришењето на профилот. По клик на линкот, ќе Ве пренасочи на Веб страната, каде што ќе има известување дека Вашиот профил е успешно избришан. Со клик на линкот за потврда за бришење, веќе нема да имате пристап до Вашиот профил, Вашите нарачки и другите активности и нема да може да ги користите услугите кои ги нудиме за регистирани корисници.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Со поврзувањето на ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.