0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

Монтажа на автоматски систем за синхронизација – Недкан

Неодамна уште една македонска компанија реши да се снабди со уште 3 генератори. Овие генератори ќе го покријат резервното напојување во случај на прекин на електричната енергија, со што објектот ќе може да функционира непрекинато. Се работи за Недкан – фабриката за производство на медицински канабис кои моментално имаат 10 соби за одгледување, а до крајот на годината целта е бројката да се зголеми на 26. Површината на просторот за огледување на месечно ниво ќе се зголемува, со намера да се зголемат капацитетите. За покривање на потребите на оваа површина, а воедно и целиот објект нашите тимови ги инсталираа овие 3 генератори кои работат во синхронизација. Тие имаат задача да ги напојуваат главните разводни табли кои понатака ќе ги напојуваат сите потрошувачи како панели за разладување, клима уреди, вентилација, светла, филтри за вода и се останато за овозможување на идеални услови за билките и функционирање на целиот објект.

mk_MK