Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана во делот на резервно напојување – продажба, монтажа, сервиси одржување на дизел електрични генератори/агрегати. Нашата водечка позиција во делот на резервно напојување и електрична енергија е резултат на нашата инженерска експертиза и постојаното инвестирањево нови технологии и методи за изнаоѓање на правилно, енергетски најефикасно и економично решение за вас и вашиот бизнис.

Располагаме со дизел електрични генератори/агрегати со моќност од 5 kVA до 2500 kVA за домашни и бизнис корисници.

МОБИЛНИ ГЕНЕРАТОРИ/АГРЕГАТИ – располагаат со капацитети од 0,85 kW до 9,6 kW. Нивната примена најчесто е кај домашните корисници за напојување на помали потрошувачи во стан, куќа, викендичка итн. Имаат мали димензии и може лесно да се транспортираат до саканата локација.

ФИКСНИ ГЕНЕРАТОРИ/АГРЕГАТИ – располагаат со капацитети од 11 kVA до 2500 kVA. Имаат робустен изглед и големи димензии, наменети за користење во бизнис секторите и индустриите како (здравство, образование, рударство, фабрики, градежна индустрија, автомобилска индустрија итн.).

ОТВОРЕН ТИП – генератор/агрегат без надворешно куќиште (шасија), наменет исклучиво за користење во затворен простор. Задолжително е поставување во специјално определена просторија или место со звучна изолација и изведба на систем за вентилација на издувни гасови.

ЗАТВОРЕН ТИП (CANOPY) – генератор/агрегат со надворешно куќиште (шасија), наменет за користење во затворен и отворен простор. Идеални за сите видови бизниси и индустрии, музички концерти, спортски настани и слично. Генераторите од затворен тип се звучно изолирани, па затоа имаат ниско ниво на бучава.

Генераторите/агрегатите за производство на електрична енергија, кои може да ги најдете во ФИБЕРНЕТ М-К имаат дизел мотори од познати брендови како CUMMINS, PERKINS, MITSUBISHIAKSA, VOLVO, JOHN DEERE, DOOSAN и други.

Постојат многу начини за складирање или производство на електрична енергија, но кога станува збор за гарантирана подготвеност и потреба од електрична енергија во итни случаи, во смисла на цена, флексибилност и одговорност, не постои подобро решение од нашето. ФИБЕРНЕТ М-К како општествено одговорна компанија, години наназад е водечка сила во делот на резервното напојување, конкретно производство на електрична енергија во итни случаи. Нудиме паметни, енергетски ефикасни и економични решенија за вас и вашиот бизнис. Паралелно со
тоа, создаваме професионален и коректен однос со вас, нашите клиенти, нашата дилерска мрежа и добавувачите.

Освен тоа што продаваме, испорачуваме и монтираме дизел електрични генератори/агрегати, најдобри сме кога станува збор за нивното тековно
одржување и сервис. Располагаме со стручен кадар и соодветна опрема за решавање на можните проблеми. Некои од нашите клиенти точно ги знаат своите потреби и барања. За сите останати ФИБЕРНЕТ М-К нуди услуга за изнаоѓање на правилно решение, согласно потребите. Тоа го правиме преку нашата инженерска експертиза и постојаното инвестирање во нови технологии и методи за изнаоѓање на правилно, енергетски најефикасно и економично решение за вас и вашиот бизнис.

ФИБЕРНЕТ М-К е ексклузивен увозник и сервисер на дизел електричните генератори/агрегати на светските реномирани производители AKSA и SDMO.