Електрична инсталација е комбинација на електрична опрема инсталирана од заеднички електрично напојување за да се исполни одредена намена. Електричните инсталации можат да изгледаат мистериозно. Постојат некои основни барања за електрична инсталација, и некои работи што луѓето треба да ги знаат за нив. Квалитетот на изработката, стандардите на изведба и можните опасности се некои од поважните прашања во електричната инсталација. Затоа повикајте не да спроведеме практично и соодветно решение и кај вас.

Новата технологија бара многу широк спектар на нови електрични инсталации. Тие се многу различни од старите системи, особено во комуникациите, медиумските системи и ИТ областите.

Сите електрични инсталации имаат своја регулатива. ФИБЕРНЕТ М-К согласно тоа се придржува до следново:
• Ги почитуваме стандардите
• Ги почитуваме барањата за најдобра практика и безбедност
• Обезбедуваме сертифицирани компоненти според правилата за безбедност
• Решенијата ги спроведуваме со соодветно обучени изведувачи

Постои едно правило кај електричните инсталации – колку е постара толку е поголема опасноста од неа. Затоа, секоја стара или аматерски изведена инсталација, треба одново да се изработи, пред се поради безбедноста на животната средина и луѓето, а второ поради исправното функционирање на електричните уреди. Сигурноста во електричните инсталации и конекции доаѓа преку нивното правилно изведување.

Ние ќе ви помогнеме да го направите најдобриот технички избор

Ги нудиме следниве услуги:

• Планирање – Креирање план и поставување приоритети за подобрување на вашиот постоечки електричен систем или нова инсталација дизајнирана за оптимални перформанси и ефикасност.

  • Инсталација– Нудиме експертска помош за да се осигурате дека вашите производи и опрема се инсталирани во согласност со спецификациите на производителот и се подготвени да работат безбедно. Бидете сигурни дека вашите производи и опрема ќе функционираат правилно по инсталацијата и ќе добиете совети од најдобрите експерти за одржливо работење.

  • Одржување– Непланираните прекини се ризик што не можете да си го дозволите. Нашиот целосен пакет на услуги за работа овозможува да ги донесувате најдобрите практики за да го минимизирате времето на прекин при што можете да го контролирате вашиот буџет и ресурсите за одржување. Ќе ви помогнеме да ги постигнете највисоките перформанси и достапност на вашата електрична инфраструктура додека ефикасно ги контролирате трошоците.

  • Оптимизација– Дали вашиот електричен систем работи безбедно? Нашите експерти ви обезбедуваат прилагодени препораки за намалување на ризиците и подобрување на ефикасноста и сигурноста на вашиот електричен дистрибутивен систем.
  • Обновување– Надградете ја застарената електрична инсталација користејќи рентабилни решенија за модернизација. Нашите високо квалификувани техничари ќе ви помогнат да се соочите со предизвиците поврзани со застарената опрема да ја подобрите безбедноста, сигурноста и одржувањето на долгиот животен век на инфраструктурата за дистрибуција на електрична енергија, а истовремено да ги контролирате трошоците поврзани со стареењето на инфраструктурата.

Претворете го домот, канцеларија или објектите во побезбедни места за функционирање

Обезбедувањето на вашиот електричен систем е сериозна одговорност за да се зачува безбедноста. За да уживате во побезбедна околина и непречено снабдување со енергија, од суштинско значење е да се вршат редовни надградби за инсталацијата. ФИБЕРНЕТ М-К со водечки технологии во индустријата ќе постигнете повисоко ниво на безбедност во домот, канцеларијата или слични објекти. На крајот, вие добивате мир.

Еве неколку факти за тоа колку е важна безбедноста на електричната инсталација:

– Повеќе од 70 милиони објекти во Европа немаат безбедна електрична инсталација
– 40% од жртвите при грешка во електричната инсталација се деца под 9 години
– Повеќе од 300 000 луѓе годишно претрпуваат сериозни повреди при грешка во електричната инсталација
– Околу 12 луѓе дневно се жртви на пожар предизвикан од грешка во електричната инсталација
– Повеќе од 50% од пожарите се предизвикани поради грешка во електричната инсталација
– Обезбедувањето на електричната инсталација чини во просек 5% од вредноста на објектот

Отворените линии на комуникација се најдобриот начин за дизајнирање и изградба на безбедни и ефикасни електрични системи.

ФИБЕРНЕТ М-К изведува нисконапонски и високонапонски електрични инсталации во станбени, деловни и индустриски објекти.

• Нисконапонски електрични инсталации
• Високонапонски електрични инсталации
• Изведба на разводни ормани
• Изведба на УПС постројки
• Електроенергетски постројки за напојување
• Инсталации за внатрешно и надворешно
осветлување
• Системи за заземјување на објекти
• Телефонски инсталации со примена на
телекомуникациска опрема
• Компјутерски мрежи
• Инсталации на антенски системи
• Инсталации на системи за видео надзор
• Инсталации на алармни системи и системи за
контрола на пристап и евиденција на работно
време
• Инсталација на противпожарни системи
• Инсталација на озвучување

За успешно и квалитетно реализирање на електричните инсталации, користиме производи и решенија од реномираните брендови EATON, Schneider Electric и CIMABOX.