Едноставно кажано, телефонијата е технологија која овозможува комуникација на далечина, а IP телефонијата е оној аспект на комуникација што се спроведува преку мрежна инфраструктура со помош на интернет протоколи. IP телефонијата станува се попопуларна форма на комуникација, со тенденција да се заменат традиционалните PSTN телефонски системи. IP телефонијата овозможува драматичен напредок во комуникациските системи. Користејќи ја предноста на IP телефонијата, корисникот може да комбинира глас, видео и мултимедијални технологии во еден унифициран систем кој е дигитално заснован. Ова создава потенцијал за огромни заштеди на трошоците и зголемена продуктивност.

ФИБЕРНЕТ М-К обезбедува целосно комуникациско решение. Од IP аудио и видео, преку IP мрежно поврзување, до конференциска комуникација, па и многу повеќе. Испорачуваме решенија за комуникација со најсовремени функции оптимизирани за да работат взаемно беспрекорно. Од палетата на производи за IP телефонија нудиме:

  • IP телефони
    (аудио и видео)
  • Уреди за конференциска комуникација
  • IP камери и видео домофонија
  • Телефонски централи
  • Мрежни уреди
    (рутери, свичеви)
  • Аналогни телефонски адаптери и уреди

Претпријатијата од сите големини имаат потреба од технологија и решенија за унифицирани комуникации кои ја подобруваат ефикасноста и ефективноста на вработените. За зголемување на мобилноста на работната сила, системите кои ги нудиме, имаат и апликација за смартфони, со чија помош таквите уреди се врзуваат на постоечки телефонски систем. Воедно се подобрува услугата кон купувачи и на крај конкурентноста. Унифицираниот комуникациски систем помага да се олесни користењето на секојдневните технологии – аудио конференции, веб конференции, видео конференции, пораки, инстант пораки и многу повеќе. Вградувањето на комуникациите во деловните апликации и процеси создава конкурентна предност преку зголемување на одговорноста на претпријатието и отстранување на доцнењето во деловните процеси.

ПРИМЕР ЗА ИНТЕГРАЦИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА IP ТЕЛЕФОНИЈА ЗА БИЗНИС ПОТРЕБИ

Зошто да користите IP телефонија?

Очигледни се предностите на IP телефонијата во однос на стандардната PSTN телефонија:

• Поддржува до 500 корисници
• Има енкриптирачка заштита од несакани упади
• Детални записи на телефонските повици
• Интерактивна телефонска секретарка
• Говорни пораки може да се праќаат на e-mail
• Факс пораки може да се праќаат по e-mail
• Може да се креира говорно сандаче
• Може да се креира телефонски именик
• Повик на чекање
• Опција за снимање на разговори
• Опција за поврзување на аналоген телефонски апарат на дигитална централа

Претворете го вашиот бизнис со една голема интеракција во исто време. Нашите комуникациски услуги помагаат да ја зголемите вашата комуникациска ефикасност.

Услугите кои ги нудиме се:
• Планирање и дизајн
• Имплементација и интеграција
• Оптимизација
• Техничка поддршка
• Сервис

ФИБЕРНЕТ М-К е увозник и дистрибутер на производи за IP телефонија одреномираниот бренд GRANDSTREAM.