КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Безбедноста на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.

Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери кои се наоѓаат во Р. С. Македонија, во сопственост на хостинг провајдерот и ригстрарот на домени на МКхост. Ние се имаме осигурано дека ова Друштво, како обработувач, презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои се наоѓаат на нивните сервери и постапува во целост согласно Законот за заштита на личните податоци.

Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка, не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме НЛБ Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати податоци се енкриптирани.

Политика за заштита на доверливите податоци и информации

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

Pок на чување на личните податоци

Лични податоци од Вашиот кориснички профил се чуваат сѐ додека постои Вашиот кориснички профил. Доколку сакате да го избришете Вашиот кориснички профил, тоа можете да го сторите во секое време преку панелот за корисници на нашата веб страница.

При бришење на Вашиот кориснички профил, неповратно се бришат Вашите лични податоци од активните системи (live systems), па затоа нема да добивате известувања од нас и нема да можете да ги користите услугите преку нашата веб страницата.

Нарачките кои сте ги направиле преку Вашиот кориснички профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци од корисничкиот профил, заедно со датумот на создавање на корисничкиот профил и датумот на бришење на корисничкиот профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци за претплатниците од промотивни е-маил пораки (Newsletter) се чуваат сѐ додека претплатникот не се одјави од услугата.

Апликација за вработување од кандидат заедно со пропратни документи се чува сѐ до избор на кандидат за вработување на тој конкурс.

Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чуваат 3 години од решавање на барањето.

Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.

По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ не врши пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

МАРКЕТИНГ

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ врши директен маркетинг, на начин што на корисниците кои при регистрација дале согласност, им испраќа известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.

Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците, или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.

Во секое време можете повторно да ја дадете Вашата согласност за директен маркетинг преку внесување на Вашата е-маил адреса во полето “ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ ЗА НАШИОТ E-MAIL БИЛТЕН” достапно на нашата веб страница.

ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛОТ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат.

Доколку сакате да го избришете профилот тоа може да го сторите со логирање на Вашиот профил, преку секцијата „Лични податоци“, па со едноставен клик на полето „Избриши го мојот профил“.

По клик на ова поле, ќе се појави ново прозорче со следниот текст: „Дали сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил? *доколку сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил, на Вашиот е-маил со кој се имате регистриано ќе добиете е-маил порака со линк на кој треба да кликнете како би го потврдиле бришењето на профилот.“

По потврдување на полето, на Вашиот е-маил со кој се имате регистрирано, ќе стигне е-маил порака од ФИБЕРНЕТ М-К ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ со прилог линк на кој треба да кликнете за да го потврдите бришењето на профилот. По клик на линкот, ќе Ве пренасочи на Веб страната, каде што ќе има известување дека Вашиот профил е успешно избришан. Со клик на линкот за потврда за бришење, веќе нема да имате пристап до Вашиот профил, Вашите нарачки и другите активности и нема да може да ги користите услугите кои ги нудиме за регистирани корисници.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Со поврзувањето на ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.