0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ФИБЕРНЕТ со поддршка на планинската акција „Младенци на Сприова“

ФИБЕРНЕТ со поддршка на планинската акција „Младенци на Сприова“

Изминатиот викенд се одржа планинската акција „Младенци на Спирова“ која првично требаше да се одржи на 23-март по повод верскиот празник Младенци, но поради деновите на жалост во Македонија истиот беше презакажан и со изменет контекст.

Искачувањето во парови на Спирова колиба протече во најдобар ред, а љубителите на пешачењето, планините и чистиот воздух можеа да уживаат во една авантура проследена на крајот со наградна игра за учесниците.

Целосната поддршка на оваа манифестација која се одржува по првпат ја даде ФИБЕРНЕТ, нашата компанија која несомнено безброј пати наназад инвестира во вакви спортски акции, а особено горди сме на личниот успех на многу спортисти кои сме ги поддржале како поединци низ годините наназад.

Се надеваме дека оваа иницијатива ќе прерасне во традиција, за да можеме еден ден да бидеме горди во она што сме го потпомогнале денес.

 

mk_MK