Во денешно време никој не може да ја гарантира безбедноста од несакани непогоди. Во време кога технологијата го достигнува својот врв, користиме енормно голем број електронски уреди во нашето секојдневие. Колку е поголем нивниот број, толку е поголем бројот на потрошувачи на електрична енергија. Тие може да бидат директна или индиректна опасност од пожар. Често пати, причина за пожар може да биде и самата електрична инсталација, а најчесто човечкиот фактор. Независно од што може да настане пожарот, најдобрата заштита од него е негова детекција и дојава уште во почетна фаза.

 

Ги нудиме следниве производи за противпожарна заштита за домашни и бизнис корисници:

– Централи за детекција и дојава на пожар
(конвенционални и аналогни)
– Детектори на чад и оган
– Периферни додатоци
– Противпожарни сирени
– Противпожарни аларми
– Системи за рачна дојава на пожар

Во прилог на широкиот спектар производи за заштита од пожар, нудиме портфолио на производи чии главни предности се:

– Докажан квалитет
– Одлични перформанси
– Интуитивно програмирање
– Оптимизиран дизајн
– IP конективност

ФИБЕРНЕТ М-К користи производи и решенија на реномираниот бренд OLYMPIA ELECTRONICS.