Во денешно време кога комуникацијата е основа за функционирањето на процесите, незамисливо е една модерна компанија да нема изградено компјутерска мрежа. Дури и производните капацитети мора да бидат поврзани со мрежа на податоци. Компаниите бараат информации во реално време од магацин, логистика и процеси. Контролата и комуникацијата, традиционалните системи и универзалниот етернет расте заедно. Се воспоставуваат нови структури помеѓу канцелариите, фабриките, синџирот на набавка и потрошувачите. Сето ова е подложно на најтешките барања, па затоа потребно е апсолутно сигурно поврзување.

Решенијата за структурно каблирање што ги нуди ФИБЕРНЕТ М-К за вашата канцеларија се инвестиција во иднината. Ние го знаеме точниот одговор на вашето барање, благодарение на долгогодишното искуство во сферата на структурни кабелски системи.Рајот на земјата постои, го креираме ние !

ФИБЕРНЕТ М-К располага со интелигентни решенија погодни за целосно поврзување на канцелариите и центрите за податоци без разлика дали станува збор за отворен или затворен простор. Тие можат да ги издржат суровите услови на животната средина и да ги задоволат екстремните индустриски барања во однос на безбедност, достапност, дисциплина на трошоците и ефикасност. Модуларниот принцип му помага на корисникот да реагира флексибилно во секое време и на нови барања.

Барањата за ефикасноста на комуникациските мрежи се зголемуваат брзо. Во просек, решенијата за канцелариско каблирање остануваат во функција за десет години или повеќе. Ова значи дека условите за идните апликации мора да се проценат и да се земат предвид веднаш од првичната фаза на планирање па се до крајниот процес.

За таа цел, од нашата палета на производи за структурни кабелски решенија, нудиме:

– Инсталациски LAN кабли
(од Cat 5e, Cat 6, Cat 6A до Cat 8.2)
– Конекциски модули RJ45
(од Cat 5e, Cat 6 до Cat 6A)
– Утичници
(за во ѕид, за на ѕид, за во парапетен канал)
– 19” Patch панели
(24-портни, 48-портни и 60-портни)
– Приклучни кабли
(од Cat 5e, Cat 6 до Cat 6A)

 

Без разлика дали се работи за примарно или секундарно каблирање и без разлика дали се работи за било кој тип на нисконаконски бакарни кабли, ФИБЕРНЕТ М-К како снабдувач со целосна услуга, создава идни решенија за канцелариска комуникација со високи перформанси.

Нашиот тим се состои од сертифицирани и искусни инженери, проектанти и инсталатери, обучени и запознаени со опрема од разни производители. Според тоа, зависно од вашите потреби, можеме да ви помогнеме да ги уживате придобивките од модерните комуникации без главоболки.

Нашите услуги во областа на структурното каблирање вклучуваат:

• Консултантски услуги – избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и развојниот план
• Проектирање – изработка на план за мрежа на податоци според дадена ситуација и барање на клиентот
• Продажба – нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема за структурно каблирање (телекомуникациски кабинети, канали, кабли, панели итн.)
• Инсталација – поставување и инсталирање на канали, телекомуникациски кабинети, панели, утичници, кабли, притоа придржувајќи се до последните TIA/EIA стандарди
• Документација за изведба – исцртување и означување на изведената инсталација на основа на кат во CAD програми

 

ФИБЕРНЕТ М-К користи производи и решенија на глобалните лидери R&M и CIMABOX.