Честопати инвестициите во ИТ инфраструктурата се засновани само на активната опремата, па поретко се става акцент и на пасивниот дел како што се телекомуникациските кабинети, електричните ормани и каблите. Секоја инвестиција во активна опрема е оправдана, но мора да биде поткрепена токму со пасивната опрема – треба да биде сместена на безбедно и сигурно место, како што се телекомуникациските кабинети и електричните ормани. ФИБЕРНЕТ М-К нуди решенија со широк спектар на телекомуникациски кабинети, електрични ормани и додатоци за истите. Ние нудиме решенија за заштеда на инвестициите на мрежните уреди и нивно безбедно складирање.

Целата моќ лежи внатре – не надвор.

Поделба на телекомуникациските кабинети:

 ОТВОРЕН ТИП – Кабинети кои имаат непречен проток на воздух и брз пристап до опремата. Поради тоа се препорачува да се користат во обезбедени простории со ограничен пристап на корисници.

 

 

ЗАТВОРЕН ТИП – Кабинетите од затворен тип се идеални кога опремата треба да биде дополнително заштитена и обезбедена. Вратите се заклучуваат за да имате поголема контрола на вградената опрема.

 

 

 

Нудиме телекомуникациски ормани со одличен дизајн, високи перформанси, конкурентна цена на пазарот. На клиентите им овозможуваме заштеда на време за инсталација, благодарение на нивниот лесен и компактен начин на монтирање.

Орманите од понудата на ФИБЕРНЕТ М-К се цврсти и сигурни, изработени се од нерѓосувачки челик и обоени со синтетички материјали погодни за употреба во индустриски решенија, во претпријатија или во мрежни околини. Повеќенаменскиот дизајн ги прави погодни за сите видови телекомуникациски и електрични инсталации, како и електромеханички апликации. Електричните куќишта обично се користат за електрични и електронски модули. Наједноставните модели на ормани се опремени само со панели за лесно и уредно поврзување на електричните компоненти на инсталираниот систем и може да вклучуваат контролна електроника и нисконапонска разводна постројка.

 

 

Телекомуникациските ормани според намената за која се употребуваат, генерално може да се поделат на:
• За сервери и мрежна опрема
(отворен и затворен тип)
• За дата центри
• За оптички кабли и опрема
• За аудио и видео опрема

ФИБЕРНЕТ М-К обезбедува целосно решение независно дали се работи за телекомуникациски кабинети или електрични ормани. Испорачуваме решенија со најсовремени функции оптимизирани за да работат взаемно беспрекорно.

Од палетата на производи нудиме:
• Самостоечки телекомуникациски кабинети
• Телекомуникациски кабинети за монтажа на ѕид
• Додатоци
– панели за кабли
– вентилација
– осветлување
– шини
– фиоки
– уреди за дистрибуирање напон – PDU

ФИБЕРНЕТ М-К е увозник и дистрибутер на телекомуникациски кабинети и електрични ормани од реномираниот светски производител LANDE.