ФИБЕРНЕТ

ФИБЕРНЕТ

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.

ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Во почетокот, примарната дејност на компанијата беше продажба на фибер оптички компоненти и интеграција на истите. Една година подоцна, компанијата ја прошири својата палета на производи. Започнавме структурно каблирање на бакарни мрежи и нивно проектирање. Кога зборуваме за структурното каблирање, зборуваме за кабловската инфраструктура во градежните објекти, наменета за телекомуникациски услуги.

Денес, ФИБЕРНЕТ М-К е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Тимот на ФИБЕРНЕТ М-К е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Во ФИБЕРНЕТ М-К во моментов се вработени повеќе од 100 лица, специјалисти во својата област, кои заедно го сочинуваат тимот кој перспективно граби кон успех.

ШТО НУДИМЕ

НАШИТЕ УСЛУГИ

Video Button