Голем број организации секојдневно се соочуваат со безбедносни предизвици во нивните капацитети. Управувањето со пристапот на овластениот персонал во објект претставува голема загриженост. Примарен предизвик за многу организации е да се обезбеди нивниот објект од несакан персонал истовремено овозможувајќи слободен проток на луѓе кои имаат легитимна цел во ангажирањето со организацијата.

Потребата за контрола на пристапот на административни и станбени објекти се повеќе расте. ФИБЕРНЕТ М-К нуди комплетни, сигурни и скалабилни решенија за контрола на пристап и евиденција на работно време според потребите на клиентите. Ние создаваме безбедна средина за вработените, посетителите и изведувачите.

Производи кои ги нудиме:
– Читачи на картички/тагови
(внатрешни и надворешни)
– Магнетни картички и тагови
– Програмабилни контролери
– Системи за електронско заклучување

Места и локации каде е потребно користење на системите за контрола на пристап:

ФИБЕРНЕТ М-К користи производи и решенија на реномираниот бренд OLYMPIA ELECTRONICS.