Повеќе од половина популација денес користи смар уреди. Нивната примена во секојдневниот живот е се поголема, почнувајќи од комуникација, информации, работа, забава итн. Се исполнија предвидувањата дека се повеќе луѓе ќе користат мобилни уреди отколку компјутери. Како и да е, за да може целиот тој процес да тече беспрекорно, пред се најважна е брзината. Имено, најголем дел од операциите се извршуваат преку интернет, па затоа тој треба да биде брз, стабилен и да ги следи технолошките трендови. Сето ова во денешно време е исполнето, благодарение токму на оптичката комуникација. Мобилните оператори, од година во година се повеќе користат оптичка инфраструктура за задоволување на брзините и капацитетите.

Едно оптичко влакно има повеќе капацитет од целиот радио спектар, што го прави идеален избор за телекомуникации. 

На многу места, особено во градовите направена е огромна инвестиција за миграција од бакарна на оптичка мрежна инфраструктура. Ова не е само поради минимизирање на капиталните трошоци, туку и поради предноста на оптичките влакна за пренос на податоци на големи растојанија.

 

Најновиот начин на комуникација преку оптички влакна има високи перформанси и брз пренос на податоци. ФИБЕРНЕТ М-К ја обезбедува вашата мрежна поврзаност со фибер оптички кабли, денес и во иднина.

FIBERNET M-K ASSEMBLY SHOP
ФИБЕРНЕТ М-К располага со сопствено производство на приклучни и заклучни оптички кабли, по лиценца на светски познатиот швајцарски бренд HUBER+SUHNER.

Веќе неколку години сме единствени на Балканот за производство на приклучни и заклучни оптички кабли од било која должина, со било кој број на влакна и било кој тип на конектор, по нарачка на клиент и по спецификација согласно развојот на оптичката технологија.

Од 2005 година ФИБЕРНЕТ М-К е водечки експерт за иновативни оптички инфраструктури и сервисни решенија за центри со податоци и локални мрежи за домашни и бизнис корисници. Нашите производи и услуги може да се сретнат онаму каде што големи количини на податоци треба да се пренесат брзо и безбедно на големи растојанија. Нашите производи за оптичка комуникација се поделени во неколку сегменти и тоа:

– Инсталациски оптички кабли
(за внатрешна и надворешна употреба)
– Приклучни и заклучни оптички кабли
(со типови на конектори SC, SC-APC, LC, LC-APC, E2000 APC, LX.5, ST, FC)
– 19” оптички панели
(од 24 порти до 216 порти, за сите типови конектори)
– Спратни кутии
(од 4 порти до 96 порти, за сите типови конектори)
– Утичници
(за во ѕид, за на ѕид)
– Оптички спојници
(за капацитет од 12 до 288 оптички влакна)
– Улични ормари
– Телекомуникациски кабинети за дата центри

Располагаме со стручен и обучен кадар составен од од сертифицирани и искусни инженери, проектанти и инсталатери кои имаат темелно познавање на компонентите и системите со оптички влакна и процесите на инсталација, како и сите применливи стандарди, кодови и други локални регулативи.

 

Во прилог на развојот и производството на голем број системи со оптичка комуникација, ФИБЕРНЕТ М-К нуди разновидни услуги како што се:

 

  • Консултантски услуги– избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и развојниот план
    • Проектирање– изработка на план за мрежа на податоци според дадена ситуација и барање на клиентот
    • Продажба – нудиме производи за опслужување на вашите потреби за поврзување со оптичка комуникација на вашите канцеларии, домови, станбени и административни објекти
    • Инсталација – целокупен процес од почеток до крај (ископ, поставување на заштитно црево, вдувување на оптички кабел, сплајсување, тестирање, пуштање во работа)
    • Документација за изведба – исцртување и означување на изведената инсталација на основа на кат во CAD програми

 

ФИБЕРНЕТ М-К е увозник и дистрибутер на производи за оптичка комуникација од реномираните брендови R&M, HUBER+SUHNER, ETK KABLO и HELLERMANN TYTON.