0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

САМОСТОЕН „МИКРО“ ДАТА ЦЕНТАР ПРЕТСТАВЕН НА DATA CENTЕRE WORLD 2018 ВО ЛОНДОН

Најголемиот, најпосетениот и највлијателниот собир наменет за експерти за дата центри – Data Centre World 2018 – се оддржа на 21 и 22 Март во Лондон. Токму на овој настан стратешкиот партнер на Fibernet – R&M го претстави својот Telco Edge микро дата центар.

Telco Edge е самостоен микро дата центар со вграден систем за прецизна климатизација, вграден UPS систем и интегрирано оптичко каблирање. Овој микро дата центар се карактеризира со звучна изолираност од 99.9%, ги има функциите за автоматизирано следење и документација на мрежните и IT компонентите и е претходно фабрицирано парче опрема кое се испорачува како една целосна единица спремна за употреба. Ова го прави совршеното парче опрема за edge локациите. Како резултат на сето ова, потрошувачите можат лесно да го зголемуваат капацитетот по потреба и да се справат со проблемите кои искрснуваат при висока latency, односно можат да им овозможат побрз и непречен пристап до соодветната содржина на своите корисници.

 

„Централните канцеларии на телекомуникациските компании се идеалната локација за дата центрите на Edge“, вели д-р Томас Велингер, Маркетинг Менаџер за дата центри во R&M. „Целта на најновиот модел кој го претстави R&M е да се разрешат предизвиците на latency, processing speed и следење на податоциte со кои се соочуваат корисниците на телекомуникациските услуги, a како последица на се поизразениот раст на активни поврзани уреди. Токму затоа си зададовме приоритетна задача – да ја поедноставиме имплементацијата на т.н. edge дата центри.

 

Покрај овој модел, R&M ги прикажа Netscale Blade Cabling Manager (BCM) – решение за оптички компоненти кое е дизајнирано специфично за модуларни свичови и овозможува флексибилна, сигурна и ефикасна кабловна инфраструктура низ целиот дата центар. Интеграцијата на R&MinteliPhy технологијата за Автоматизиран Менаџмент на Инфраструктура (AIM) ја прави Netscale првата платформа со ултра висока густина и функционалност за менаџмент на инфраструктурата.

 

Дополнително, R&M го претстави новиот MPO-QR конектор кој го следи истиот концепт на LC-QR конекторот, и обата можат да бидат заклучени и отклучани на иновативен начин кој дозволува сместување на повеќе конектори и адаптери поблиску заедно. Дополнителоно конекторот може да биде користен од задниот дел и следствено нема потреба предниот дел да биде во директен дофат, за расзлика од традиционланите MTP конектори. На овој начин, MPO-QR овозможува густина до 1,440 оптички влакна (или 120 портови) по висинска единица.