0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

СИСТЕМИ ЗА ПРОТИВПРОВАЛНА ЗАШТИТА

Алармните системи се основна компонента за безбедност во домовите и деловните објекти. Од едноставни мали системи до проширливи комплексни системи на кои се приклучуваат неколку типови на сензори за детекција на провала при несакан влез, кршење на стакло, вибрација, движење во зоната на заштита и слично. Се активираат звучни сирени кои служат да го спречат провалникот во својата намера, известуваат во мониторинг центар или на мобилен телефон кај сопственикот дека во моментот има активација на алармна состојба на алармниот систем.

Алармниот систем може да биде многу ефикасно средство за спречување на кражба и физички напад во вашиот дом. Истражувањата покажуваат дека провалниците би биле обесхрабрени и би се откажале од провала во куќа доколку истите би знаеле дека куќата е опремена со алармен систем. Ова значи дека без разлика дали ќе заминете на одмор, или едноставно ќе ги исклучите светлата со цел да се одморите по долгиот работен ден, вградениот алармен систем во вашиот дом ќе ви овозможи да се чувствувате помирно, заштитувајќи ги вашите лични предмети и уште поважно – вас и вашето семејство.

Тие може да се користат и за основна противпожарна заштита на разни објекти, почнувајќи од семејни куќи, продавници, работилници, магацини и други, па се до најголеми објекти од редот на банки, музеи, државни институции, аеродроми и слично.
Препорака при избирање на алармни системи е да не купувате системи од непознати производители и недокажани брендови. Најчесто, се одлучуваме за ефтини уреди кои на крајот ќе чинат повеќе отколку од старт да сме се одлучиле за проверен и докажан уред. Исто така, се поставува и прашањето за сервисирање на таквите уреди, кај кои кога ќе настане дефект нема можност за сервисирање.

Има доста понуди на пазарот за ефтини уреди кои ги инсталираат нестручни инсталатери и при тоа не даваат никаква гаранција за самите уреди и обезбеден сервис надвор од гаранција. Во секој случај, подобро е да одберете фирма за ваква работа која работи според сите законски прописи, која е овластена за монтажа на ваков тип на системи и не сака да се шират лоши гласини за неа, тоа е причина повеќе да верувате дека на вашиот објект ќе имате инсталирано квалитетен и доверлив алармен систем.
Повелете обратете ни се, ви гарантираме дека секогаш имаме решение за вашите безбедносни потреби.

 

mk_MK