0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

РЕШЕНИЈА ЗА ПРИСТАП ДО ОБЈЕКТИ СО GRANDSTREAM GDS3710

РЕШЕНИЈА ЗА ПРИСТАП ДО ОБЈЕКТИ СО GRANDSTREAM GDS3710

Grandstream GDS3710 HD IP видео системот наменет за врати, овозможува заштита, управување и следење на пристапот, полесно од кога и да е. Интегрирајте го GDS3710 со вашиот систем за комуникација или со системот за обезбедување за целосно управување на пристапот, независно од тоа дали се работи за канцеларија, апартман, хотел или комерцијален објект.

Може да ги користите IP видео телефоните од GXV или GXP сериите за видео или аудио во живо, за да им овозможите на посетителите контролиран пристап, да ги снимите сите пристигнувања или заминувања. Сето тоа преку вашата мрежа со помош на мрежните видео рекордери од GVR серијата. Тука се и IP централите од UCM серијата, кои поддржуваат видео за да ја зацврстите целата комуникациска платформа.

 

Гледајте и следете го секој момент
GDS3710 располага со вградена хемисферна камера, која овозможува следење на движења и до агол од 180 степени. Поставена на ѕид, ова би значело поглед од едниот до другиот крај на ѕидот. На тој начин може да следите буквално се што ќе се прикаже околу GDS3710.

Лесно управување и следење на пристап
GDS3710 поддржува користење на RFID картички и чипови, правејќи ја идеална за канцеларии, комерцијални објекти, складишта, продавници, апартмани, хотели, домови и многу повеќе. Можете да дозволите пристап до објектот преку користење на PIN кодови.

 

Проширете го безбедносниот систем
Преку користење на alarm-in и alarm-out портите, GDS3710 може да се интегрира со веќе постоечки безбедносен систем или уреди. Брзо, лесно и едноставно.

 

 

GDS Manager – Вашaта алатка за управување
GDS Manager е бесплатен софтвер за користење со GDS3710. Нуди комплетна канцелариска платформа за паметно управување. Следете ги вработените, пријавувањето на гостите и сето тоа следете го преку видео во живо.

 

Интегрирање на постоечка комуникациска платформа со GDS3710
GXV серијата на IP видео телефони за Android платформа и Grandstream Wave Softphone апликацијата, овозможуваат следење видео во живо и комуникација со посетител. Пристапот се овозможува преку едноставно типкање на копче на екранот од смартфонот или таблетот.
GXP2100 серија – следење на low-frame видео од GDS3710, поддржува видео комуникација, овозможува отворање врата преку копче
GXP1700 и GXP1600 серии – следење на видео разговор од GDS3710, поддржува видео комуникација, овозможува отворање на врата преку копче.

GVR серијата на мрежни видео рекордери се идеални уреди за снимање и управување со GDS3710, овозможувајќи видео во живо и видео комуникација. GDS3710 исто така е компатибилна со било која ONVIF соодветен мрежен видео рекордер.

mk_MK