0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ПОБРЗ WLAN СО ПОСТОЕЧКИ КАБЛИ

R&M ги претставува инсталациите од Класа ЕА за 25 Gb пропусен опсег. Поволна инфраструктура за следната WLAN генерација и дистрибутивни антенски системи. Отсега може да се користат постојните кабли за зголемување на пропусниот опсег во иднина. Ова е од важност за претстојниот чекор од 10 до 25 Gigabit Ethernet во локалните мрежи за податоци. Идните безжични LAN генерации и дистрибутивните антенски системи бараат поголем пропусен опсег за сообраќај на податоци во зградите.

Cat. 6A RJ45 модулите за поврзување кои веќе се инсталирани илјадници пати, совршени се за употреба со 25 Gigabit Ethernet. Тие имаат извонредни перформанси – вели Матијас Гербер од R&M. Денес, клиентите често инсталираат Cat. 6A RJ45 модули со заштитени Cat. 7A AWG22 кабли. Оваа комбинација го задоволува новиот стандард за пренесување на 25 Gigabit Ethernet над 30 метри. Тоа значи дека ваквата инсталација е подготвена за иднината. Со постојните кабли и конекции, корисниците можат брзо да влезат во следната најбрза Ethernet генерација.

 

До денес, 10 Gigabit Ethernet се смета за најбрз пренос на податоци преку бакарни кабли. Конзорциумот го усвои 25 Gigabit Ethernet стандардот за поголема брзина во 2017 година. На крајот од 2018 година, ISO/IEC го објави техничкиот извештај TR11801-9905 кој ги опишува барањата на постојните инсталации. Cat. 6А и Cat. 7А опсегот, може да се користи за EA инсталации и ги задоволува овие барања од самиот почеток – објаснува Матијас Гербер.

 

R&M очекува побарувачката за пропусен опсег да продолжи да се зголемува во локалните мрежи за податоци. Мобилните телефонски мрежи се движечка сила во ова. Следната генерација безжични LAN точки за пристап бара побрзи конекции од 10 Gigabit Ethernet. Потоа, постојат дистрибуирани системи за антена кои ќе ги дистрибуираат услугите на 5G во големите згради. Оваа технологија исто така бара каблирање со високи перформанси на антените. R&M претпоставува дека пропусниот опсег во 20 Gigabit Ethernet ќе мора да бидат покриени. R&M препорачува – локалните мрежи за податоци секогаш треба да бидат планирани за да можат да ги опслужат и најбрзите апликации. Решението од R&M е веќе подготвено за 25 Gigabit Ethernet.

mk_MK