0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПАТЕКА ДО FTTH

Во општината Флавил, во североисточна Швајцарија живеат околу 10.000 жители кои одбраа решителен пат во гигабитната ера. Општината искористи R&M решение за создавање автономна фибер оптичка мрежа која нуди широк опсег на опции.

Одлуката беше јасна. Пред неколку години сите жители на Флавил позитивно се изјасниле за изградба на автономна FTTH мрежа со целосна покриеност. Наместо да чекаат на оптички влез од некој од големите оператори, општината сама преземала одговорност за таквата изведба. Проектот е веќе во изработка, а до крајот на оваа година планирани се да се поврзат околу 5000 врски. Неколку фактори придонесуваат за фактот дека проектот ќе биде комплетиран неколку месеци порано од планираното, а тоа се професионалното планирање, стручната експертиза и долгогодишното искуство на R&M. Рамката за оптичка дистрибуција на R&M (ODF) се користи како платформа на дистрибутерите. Тие се импресионирани од нејзиниот капацитет и модуларен дизајн.

 

Од средината на 2018 година, сите станбени објекти во Флавил ќе имаат FTTH врска со четири влакна и широк спектар на опции за иднината. Фибер оптичката мрежа се состои од прстен со четири т.н. POPs и 26 подстаници. Потоа од овие подстаници излегуваат ѕвезда кабелски изведби кои одат во станбените и деловните згради. Исто така, се поставуваат фибер оптички кабли во секоја куќа, а таму каде што е возможно се користи постоечката оптичка инфраструктура. Локалната мрежна инфраструктура се изведува преку добро познатиот OTO (Optical Termination Outlet) на R&M. Изборот падна на ова решение бидејќи неговата инсталација е лесна и брза. На овој начин се добива јасна и евтина инфраструктура. Претплатниците или сопствениците на куќите/становите/деловните објекти ја адаптираат инфраструктурата во самите градби и ја утврдуваат врската со OTO.

 

Компактните, модуларните и пред се оптимизираните R&Mfox решенија за ODF се користат во дистрибутивните центри и подстаниците. Ваквите флексибилни R&Mfox модули беа искористени за да се реализираат оптимални решенија за ѕид во различни подстаници, особено каде што има ограничување на просторот.

 

 

 

Горди сме што сме официјален застапник и дистрибутер на производите на R&M, компанијата која меѓународно е позната по своите квалитети. За било какви прашања и консултации во врска со палетата на производи достапна кај нас, консултирајте се со нашите продажни лица преку e-mail sales@fibernet.mk или на телефон +389 2 2403 100.

mk_MK