0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ПАМЕТНИ ДОМОВИ СО EATON

Електричната енергија е забележлива само кога ќе ја снема. Звучи иронично, но навистина е така. Без разлика дали во тие моменти потребен е фенот за коса или нема светло кај соседот, тие ретки моменти не тераат навистина да ја цените електричната енергија, до тој степен што честопати ја земаме здраво за готово во нашите домови.

Електричната енергија придонесува нашата храна да биде ладна, водата топла, едноставно прави нашите животи да се движат секојдневно. ФИБЕРНЕТ М-К работи со брендови портфолио помага да се задржи безбедноста и сигурноста на електричната енергија. Со помош на некои уреди домовите се заштитуваат од пожар и пренапон. LED осветлувањето помага да се зголеми енергетската ефикасност, да се намалат сметките за потрошена електрична енергија. Со еден збор, нудиме производи кои овозможуваат да креираме паметни домови од иднината.

 

Денес домовите се поврзани и автоматизирани повеќе од било кога. Интелигентната технологија го прави живеењето толку прилагодено до тој степен што прекинувачите заминуваат во минатото. Светлата се програмираат. Термостати се поставуваат скоро на секој уред. Телевизорите реагираат на гласовни команди. Домашните безбедносни системи ќе ве информираат ако се појави натрапник или пак, ако сте заборавиле да ја заклучите вратата.

Производите на Eaton служат да ги опремат домовите за денес и утре. Системот за домашно автоматизирање го претвора вашиот телефон во далечински управувач за целиот ваш дом. Една апликација ви овозможува да контролирате поврзано осветлување, термостат, гаражни врати, брави, безбедносен систем и слично. Но, важно е домот да биде паметен.

 

Безбедноста на нашиот дом ни дава слобода да избегаме од реалноста, да влеземе во книгата со топло кафе, да уживаме во топла бања или едноставно да се пикнеме под ќебе.

 

Дожд или сонце, дење и ноќе, Eaton помага да го задржите вашиот дом безбеден и сигурен. Од енергетските трансформатори кои ја задржуваат моќта што тече во вашиот дом, од пренапонските и противпожарни заштитни системи, до надворешно безбедносно осветлување и сензори за движење, Eaton стои зад сето тоа, чувајќи ги домовите безбедно, заедно со сето она во нив.

Секој сопственик се грижи за својот буџет и се соочува со зголемени трошоци за енергија. Добрата вест е, без оглед на староста или големината на вашиот дом, енергијата може да биде ефикасна. Намалувањето на вашата месечна сметка влијае позитивно на животната средина.

 

Eaton нуди решенија за заштеда на енергија преку најширока и сигурна линија на ултра ефикасни LED диоди. Тајмерите и осветлувањето ја контролираат понатамошната потрошувачка на енергија.

 

Од основни потреби до неверојатен луксуз, електричната енергија е неопходна, а ние сме тука за да бидеме сигурни дека тоа функционира.

mk_MK