0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА POWER OVER ETHERNET

Четири парниот PoE, снабдувач за енергија којшто ги користи сите четири извртени пара на каблите на локалната мрежа, наскоро ќе може да снабдува поврзани уреди со моќност поголема од минимум 50W дури и до 100W. IEEE 4PpoE стандардот моментално е во прогрес.

Најновата верзија се очекува во 2017 година. За разлика од неколку претходни стандарди, коишто се бескорисни поради недостатокот од апликации за реалниот живот, побарувачката за 4PPoE е активна од пред извесно време. PoE (IEEE 802.3af-2003) и PoE+ (IEEE 802.3at-2009), коишто снабдуваат опрема за финални податоци со околу 13W или 25W, веќе имаат одлична евиденција. Со 4PPoE (IEEE 802.3bt) снабдувањето на моќ за апликации каде што PoE+ не е доволно, сега станува возможно:

 

– Docking станиците за лаптопи, NAS уредот и помали свичеви, како на пример за видео конференции, бараат помеѓу 30W и 100W
– Thin клиентите за remote десктоп околини како на пример терминалите во библиотеките или во складиштата, бараат од 50W до 100W
– Малите дискови, контролите на дискови, сензорите и IP камерите често бараат повеќе од 30W

 

Напојувањето коешто е директно вклучено преку каблите за локална мрежа, може да го олесни управувањето на професионалните објекти како контролирање на осветлувањето, мониторингот и пристапот, како и да ја олеснува smart опремата за приватни домови. Последно, но не и најмалку важно, упростената технологија е направена за да достигне сигурна позиција во индустриските средини, помагајќи им на Industry 4.0, Internet od Things и Smart Home да најдат место во реалниот живот.

 

Во центарот на вниманието: Wireless Access Points
Една од движечките сили, кој стои зад 4PpoE, е IEEE 802.11ac, последниот стандард Wireless Access Points во опсегот од 5GHz, којшто се спроведува во две фази или „бранови“. Бранот 1 нуди променлив поширок опсег до 80MHz за радио канали, а бранот 2 до 160MHz. Важната точка којашто треба да се запомни во корпоративните апликации е дека бранот 2 ја проширува MIMO технологијата за MU-MIMO (повеќе MIMO корисници) – еден Access Point може да опслужува повеќе клиенти во исто време. Оваа технологија ги спречува бавните „корисници“ во целото користење на капацитетот и затоа значително ја зголемува ефикасноста на целиот систем. 

Поголема ефикасност исто така значи повисока стапка на пренос на LAN каблите. Новите Access Points можат теоретски да испратат до осум одделни, просторни и комплетни протоци на податоци низ воздухот до 6.9Gbit/s. Во пракса, бројката обично останува на 2.3 до 3.5 Gbit/s со три до четири протоци. Конекцијата за гигабитен етернет од страната на линијата не е доволна. Затоа, привремените стапки на 2,5 гигабитен етернет и 5 гигабитниот етернет се предмет на дискусија, со цел да се овозможи понатамошно користење на инсталации за постоечки кабли коишто не се компатибилни со 10

гигабитниот етернет. Сепак, следната стапка на развој ќе ги направи да бидат застарени, бидејќи IEEE размислува за уште едно четирикратно зголемување на стапката за пренос со 802.11ax. Со нивните поголеми капацитети, новите Access Points IEEE 802.11ac исто така бараат поголема моќ. Додека претходно им била доволна типичната моќ од 16W, сега им е потребно околу 35-40W, за кои се бара 4PpoE.

Стандардната дефиниција 2017 – време е да се донесе одлука?
Најновата верзија на стандардот 4PPoE сè уште не е објавена, но тоа не е само вториот бран од Access Points кои треба да бидат објавени – ќе бидат објавени и други апликации. Две различни групи на компании ги развија привремените гигабитни решенија 2,5 и 5 во 2014 година и секоја од нив се надева дека нивната технологија ќе биде стандардизирана од новата работна група P802.3bz на IEEE.



Во меѓувреме, комерцијалните решенија, за т.н. “odd” стапки за пренос и за поголема струја преку LAN каблите, се достапни на пазарот. Решенијата кои се смета дека ќе бидат според стандардите можат подоцна да бидат и комерцијални решенија. Затоа, R&M советува да не се донесуваат избрзани одлуки. Новите инсталации треба да бидат планирани за иднината и да бидат опремени со производи од висок квалитет, со цел да се спречат ограничувања или несакани изненадувања за време на спроведувањето на дополнително одредување на линијата. Кога се работи со кабли, каде што се применуваат чисто физички прописи, приказната е многу јасна. Соодветноста на решенијата за постоечките кабли за специфична стапка на пренос зависи не само од класите – D, E, EA – туку и од должината што треба да се поврзе. Дозволеното ниво на PoE струја во каблите е определено од пресекот и ситуацијата за инсталирање на кабли. Овие фактори мора да бидат земени предвид во фазите на планирање и кога се одбираат составните делови со цел да се создаде решенија за кабли за иднината. За да се одреди компатибилноста на постоечките кабли со 4PPoE или да се дефинираат барањата за нови инсталации, R&M нуди PoE калкулатор којшто ги зема предвид сите релевантни параметри, како што се типовите на кабли, дебелината на пакетот и надворешната температура на воздухот.

mk_MK