0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

НЕСПОРЕДЛИВ КВАЛИТЕТ СО СВЕТСКО ИМЕ

Веќе подолго време компанијата FIBERNET-MK е официјален дистрибутер на производите на добро познатиот светски бренд Delta. Нашата понуда ги вклучува сите категории на UPS уреди под производство на Delta.

Компанијата Delta повеќе од десетина години се занимава со дизајнирање, производство и продажба на UPS уреди на глобално ниво. Delta е посветена на иновација на технички супериорни производи и обезбедување на ефикасни решенија со широк спектар на намена, и тоа за домови, канцеларии, дата центри или индустриски капацитети. Клиентите на Delta се главно врвни светски корпорации и компании од областа на полупроводниците, оптоелектриката, производството на храна, финансиите, петрохемиската индустрија и телекомуникациите.

UPS решенијата на Delta вклучуваат комплетна линија на UPS уреди и софтвер за управување со истите. Компанијата испорачува индустриски-специфични решенија на глобално ниво за одреден ранг на продажни сектори и лидери во индустријата. UPS решенијата на Delta не само што нудат непрекинат процес на работење преку неспоредлива сигурност, туку и ги задоволуваат скоро сите бизнис критериуми преку уникатно дизајнирана скалабилност и флексибилност.

Портфолиото на производи на Delta, вклучува UPS уреди со една или три фази, како и online и линиски-интерактивни системи. Целосниот ранг на производи е поделен на четири категории врз основа на видот на оптоварување:

■ Agilon family – за персонални компјутери и периферни уреди
■ Amplon family – за сервери и мрежна опрема
■ Ultron family – за дата центри и индустриски капацитети
■ Modulon family – за модуларни UPS системи кои нудат скалабилност и редундантност во една иста рамка

За повеќе информации посетете го официјалниот сајт на Delta.

mk_MK