0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

КОНТРОЛА НА ПРИСТАП И ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ

КОНТРОЛА НА ПРИСТАП И ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ

Голем број организации секојдневно се соочуваат со безбедносни предизвици во нивните капацитети. Управувањето со пристапот на овластениот персонал во објект претставува голема загриженост. Примарен предизвик за многу организации е да се обезбеди нивниот објект од несакан персонал истовремено овозможувајќи слободен проток на луѓе кои имаат легитимна цел во ангажирањето со организацијата.

Потребата за контрола на пристапот на административни и станбени објекти се повеќе расте. ФИБЕРНЕТ М-К нуди комплетни, сигурни и скалабилни решенија за контрола на пристап и евиденција на работно време според потребите на клиентите. Ние создаваме безбедна средина за вработените, посетителите и изведувачите.

Производи кои ги нудиме:
– Читачи на картички/тагови
(внатрешни и надворешни)
– Магнетни картички и тагови
– Програмабилни контролери
– Системи за електронско заклучување

Места и локации каде е потребно користење на системите за контрола на пристап:

ФИБЕРНЕТ М-К користи производи и решенија на реномираниот бренд OLYMPIA ELECTRONICS.

КОНТРОЛА НА ПРИСТАП И ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ

Намената на системите за контрола на пристап е овозможување на поголем степен на заштита и сигурност преку селективно ограничување на пристапот во контролираните подрачја.

Заштитете ги вашите вработени, деловен простор и вашиот дом со систем за контрола на пристап. Вашата безбедност не ја доведувате во прашање само кога знаете кој и каде се наоѓа во вашата компанија. Безбедност за вашиот тим, сигурност на вашите информации, безбедност на вашите простории и опрема. Ние можеме да ги задоволиме вашите потреби, почнувајќи од едноставен систем за контрола на пристап, па се до најсложените интегрирани системи. Системот за контрола на пристап е паметна инвестиција, не само од аспект на безбедност туку и од аспект на организација, овозможувајќи различни нивоа на пристап во зависност од работната позиција на едно лице во компанијата.

Со системот за контрола на пристап, не вршите само отворање на електрична брава, туку може да дадете команда за други уреди како што се лифтови, електромоторни врати, капии, рампи и слично.
Системот за контрола на пристап е многу важен за личностите кои сакаат да обезбедат важни, доверливи и вредни информации и/или опрема. Контролата на пристап претставува електронски клуч спрегнат со механичко заклучување и современи информатички технологии. Употребата на овој систем е многу едноставен.

Системите за евиденција на работно време во принцип се системи за контрола на пристап со понапредна база на податоци односно со повеќе информации за секој настан, како што се доаѓање на работа, заминување од работа, почеток на пауза, крај на пауза, службено излегување, службено влегување и слично. Ваквите системи содржат софтвер за евиденција на работно време кој врши обработка и класификација на податоците по однапред дефиниран временски период, група на корисници, корисник и слично. Постојат и опции за пресметка на плата за вработени врз основа на работни часови, доцнење, прекувремена работа и слично.



Системите за евиденција на работно време се состојат од три сегменти и тоа:
– читач на картички (контролер)
– комуникатор
– апликација за преглед на евидентирано работно време

 

Во зависност од растојанието помеѓу читачот и персоналниот сметач каде се чуваат записите, како и од бројот на читачи (за поголеми објекти потребни се повеќе), може да биде поврзувањето со:
– RS485 / USB
– USB2.0
– Ethernet /WAN
– RS232 (сериска порта)

Изведуваме секакви комбинации на контрола на работно време, согласно потребите на корисникот и инфраструктурата на постоечки објекти. Согласно законот, секоја фирма која има повеќе од 25 вработени, мора да има имплементирано електронски систем за евиденција на работно време. Бенефитот на користењето на електронскиот систем за евиденција на работно време, е обостран, и за работодавачите и за вработените. Првите имаат комплетен преглед на динамиката и активностите во фирмата, а вторите, односно вработените, имаат доказ за времетраењето на нивниот ангажман, за време и по завршување на работното време.

mk_MK