0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

АВТОМАТСКА ДЕТЕКЦИЈА НА ПОЖАР

Многу малку домови во Македонија имаат систем за детекција на пожар. Со вградувањето на овие системи не само што ќе го заштитите вашиот дом од пожар туку ќе ги заштитите вашиот и животите на вашите најблиски во случај на истиот.

Вашата инвестиција може за ја снема за десетина минути. Се што поседувате може да се вивне во пламен, а тоа што пламенот нема да го уништи, ќе го уништи водата која ќе ја применат пожарните служби да го локализираат пожарот. Детекцијата на пожар може да значи и заштита врз животот на вработените, на имотот кој го штитите. Детекцијата се врши со сензори за чад, сензори за топлина и сензори на пламен. Поврзани на систем кој може да биде конвенционален или адресибилен, односно секој сензор да има своја сопствена адреса и име во зависнот од тоа каде е поставен сензорот. Тоа допринесува за брзо лоцирање на изворот на пожар во некој комплексен објект кој има многу простории.

Со цел да се намалат последиците од пожарот, важно е пожарот да се открие во рана фаза. За рано откривање на пожарот се користат физички величини кои го карактеризираат неговото настанување како што се присуство на дим, зголемување на температура или појава на пламен.

Според значењето што го имаат во заштитата на објектите, како и имотот и лицата во нив, противпожарните (ПП) системи секако треба да имаат приоритет во однос на сите останати безбедносни системи. Имено, доколку правовремено не се открие, дојави и отклони пожарот, последиците од него може да бидат катастрофални. Затоа, со позитивните законски прописи кај нас, ПП системите се задолжителни за сите поголеми јавни објекти.

mk_MK