0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

AUGMENTED REALITY ЗА ИНСТАЛАТЕРИ

Може ли Augmented Reality (AR) технологијата да им биде од корист на монтерите и инсталатерите? R&M овој технолошки напредок го гледа како можност за олеснување на монтажата на кабли во дата центри и објекти.

 Повеќе знаење и способност благодарение на дигиталните помагала

Звучи како сон – може да анализирате мрежни инфраструктури или цели дата центри од внатре и надвор, без притоа да бидете на лице место. Може да извршувате сложено склопување без да го прочитате прирачникот. Во иднина, Augmented Reality технологијата, ќе го направи ова возможно.

Augmented Reality опфаќа нови технологии кои им овозможуваат на корисниците да имаат проширена тродимензионална перцепција со дигитални помагала. Дигиталната и реалната перцепција стануваат помешани. Дополнителни информации може да се додадат на сопствената сензор перцепција на корисникот.

Еве еден конкретен пример: На градилиште, инсталатерот допира објект, да речеме R&М patch-панел. Во исто време инструкциите за поврзување се појавуваат на неговиот таблет или на преносен компјутер, вклучувајќи и тродимензионален CAD цртеж кој може да се погледна од сите страни.

Инструктор или мрежен администратор на некоја далечна локација, ја набљудува сцената преку камера на екранот. Преку радио врска испраќа совети и команди до инсталатерот за поврзување на каблите. Откако, поврзувањето ќе заврши, се испитува резултатот од далечина. Освен тоа, може да се вклучи уште еден patch-панел во автоматизираниот систем за управување со инфраструктурата со само неколку клика, бидејќи сите информации за локација и линкови се достапни дигитално.

Сето ова звучи како научна фантастика, меѓутоа R&Mможе да ги види сите можности на Augmented Reality во сегментот на дата центрите, LAN каблирањето, како и кај јавни мрежни инфраструктури. Штом придобивките и додадената вредност ќе станат видливи за инсталационата технологија, R&M планира да обезбеди соодветни решенија.

Пример за можна примена на Augmented Reality е за време на инсталирањето. Преку смартфон се снима ситуацијата на градилиштето или објектот, ги прикажува релевантните информации, а такви се на пример инструкциите за составување. Во исто време, инсталацијата може да се следи од далечина.

mk_MK