0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

БЕЗБЕДНИ КАБЛИ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ

Сигурносните мрежи не се доволни за да се спречи ризикот од инфекции кои можат да бидат предизвикани од контактот со каблите и приклучниците. Затоа, во компанијата R&M создадоа решенија со антибактериски кабли за здравствените установи.

Според статистиките објавени од Светската здравствена организација (СЗО), секоја година околу 16 милиони луѓе умираат од инфекции кои ги добиле во болниците. R&M сфатија дека мрежната и IT технологија мора да имаат дел во намалувањето на ризикот од инфекции добиени во клиниките, домовите за згрижување и здравствените институции. Решението е да се развие R&MhealthLine, кое е одлично решение за мрежна инфраструктура поставена во собите за пациенти и локалните мрежни конекции околу креветот на пациентот.

R&MhealthLine претставува антибактериски спектар кој ги содржи сите компоненти на кабли кои можат да се достигнат од болничкиот кревет. Со други зборови, во согласност со ISO 22196, пластичниот дел од приклучниците и каблите е отпорен на секаков вид на бактерии. R&MhealthLine спектарот ја нуди истата инсталација и кориснички стил како стандардните производи и се вклопува со R&Mfreenet спектарот. Особено, линијата на производи вклучува:
– Приклучници со RJ45 приклучоци за мрежи за локални податоци и комуникации
– Капаци и елементи за кодирање од R&M системот за безбедност
– Заштитени Cat 6a и незаштитени Cat 6 далноводни жици за поврзување на компјутери, медицински апарати, телефони, системи за повик итн.

Со овој спектар, R&M ја истакнува својата експертиза во областа на решенија за мрежни инфраструктури за здравствени потреби. R&M има одлична меѓународна репутација за мрежен снабдувач на клиниките и здравствените институции. Листата на купувачи се движи од универзитетската клиника Hamburg Eppendorf преку данската болница Aarhus и најголемиот источно-европски медицински центар во Вроцлав, до неодамна отворената болница Sakra Wolrd во Бангалор, којашто има за цел да ја обликува иднината на медицината во Индија и Јапонија.

R&Mfreenet – идеално решение за здравствените установи
Доверливост. Безбедност. Ефикасност. Кога медицината и IT технологијата работат заедно, тогаш се постигнува најдобриот потребен квалитет. Инфраструктурата во здравствените установи мора да поддржува мноштво од апликации и да работи под секакви услови. Таа треба да функционира во секакви околности, па дури и кога се работи за итни случаи. Испробаниот и тестиран спектар на R&Mfreenet обезбедува комплетен систем за генерички, структурирани кабли во согласност со ISO/IEC 11801 и EN 50173. Тој е најверодостојното решение кое го има на пазарот. Тоа го прави да биде идеално решение за здравствените установи. Системот на R&Mfreenet обезбедува решенија од висок квалитет коишто се лесни за инсталација и користење. Овој систем е погоден за пренос на податоци со високи перформанси, како и за голем број на други функции коишто се вршат во клиниката. Покрај тоа, R&M има развиено специјални решенија за собите за нега и собите за пациенти за да осигура дека се вклучени и одредени барања на електромагнетни, галвански испуштања и хигиена. Процесот на производство е предмет на нивоата на највискиот швајцарски квалитет и ја исклучува појавата на каков било ризик уште од самиот почеток и има гаранција од 25 години.

„Прво веродостојно и целосно решение за антибактериска опрема во собите за пациенти.“

Максимална сигурност во операциона сала
Постојат специфични барања за заштита и безбедност во просторот околу големите дијагностички апарати, во лабораториите и пред сè во операционите сали. IT сигурноста игра голема улога тука. Стандардот на IEC 60601-1-1 бара галванско одделување на медицинската опрема од мрежата со цел да се заштитат пациентите од пренапони и да се обезбеди сигурна работа на уредите. Модулот за одржување на слободна мрежна изолација R&MsafeLine од R&M се грижи за галванското одвојување во приклучниците. Овој производ ги спасува скапите решенија за медицинска опрема и ја зголемува сигурноста на пренос на податоци. Овој иновативен производ обезбедува независна операција на уреди, во согласност со стандардите, нема потреба од каков било софтвер или пак уред за напојување и се вклопува во спектарот на платформата R&Mfreenet. R&MsafeLine може да се инсталира на неколку едноставни начини. Капацитетот на преносот се накачува до 1000 BaseT Ethernet или 1000 Mbit/s. Диелектричната сила е 4 KV AC. Ова значи дека пациентите и медицинската технологија се заштитени на најдобар можен начин од струјата и пренапоните.

Отпорност за приклучоци
Дури и клиничкиот простор во околина со лоши и влажни услови или со ригорозна опрема за хигиена може да биде сигурно поврзан со мрежата користејќи ги отпорните решенија на R&M класите за заштита IP54 и IP67. Области на употреба се лабораториите и операционите сали, амбулантите, станици за снабдување на гас, течности и средства за ладење или пак надворешни области со контрола и видео надзор. Модифицираниот гумен прстен на Splash Line обезбедува заштита од прскање на вода и прашина. Тој едноставниот RJ45 конектор го прави да биде заштитна класа IP54 за конекција. Splash Line може да ги издржи средствата за чистење и дезинфекција. Пластичниот прстен тип 6 на IP67 обезбедува уште поголема заштита. Тој ги штити приклучоците од механички оптоварувања како што се шокови и удари. Мрежните клешти спречуваат приклучоците и каблите да бидат повлечени во грешка. Тој највеќе одговара за подвижна опрема. Прстенот тип 6 на IP67 е особено погоден за водоотпорни приклучоци со кабли на мобилни уреди со штекерите на локалната мрежа.

R&M систем за заштита 
Безбедноста на податоци е приоритет во целиот објект и се однесува на сите нивоа на IT инфраструктурата. Стандардите за безбедност и управувањето на ризици како TIA 1179 или ISO 80001 даваат јасни барања. Тие подразбираат дека клиниките мора да се осигураат дека работата на медицинските, административните и мултимедијалните апликации е целосно одделена. R&M безбедносниот систем го поддржува тоа со нивоата на безбедност 1 и 3. Нивото 1 спречува мешања од кодирање со боите: затварачите и етикетите ги бележат различните поврзувања. Ова на пример значи дека секој сервис може да биде означен со своја боја. Нивото 3 спречува злоупотреба или појава на грешка кога каблите се исклучени и приклучени во механички штекери за локални мрежни поврзувања. Само овластени лица смеат да ги отворат заклучените штекери. Тоа значи дека клиниките можат да превземат физички чекор за да се осигураат дека важните поврзувања не се невнимантелно или небрежно попречени.

Здравствената установа што ќе ги одбере решенијата за кабли од R&M добива сигурна и издржлива основа за нивната IT инфраструктура. Каблите за заштита на здравјето од R&M прават клучен придонес во овозможувањето на најдобра можна медицинска грижа и долготрајна работна сигурност на целата болница. Специјалните решенија со кабли на R&M за здравствениот сектор ги решаваат конкретните проблеми кои се случуваат во клиниката. Веродостојната висока технологија и постојаниот квалитет помагаат да се обезбеди професионално,  флексибилно и профитабилно извршување на медицинските задачи.

mk_MK