НАД 600 СОНЧЕВИ ПАНЕЛИ НА ПОКРИВОТ НА КЛИНИКАТА ЖАН МИТРЕВ
По успешно реализираниот проект во „Клиниката Жан Митрев“ во Скопје благодарение на своите производи и услужни капацитети, ФИБЕРНЕТ овозможи беспрекорно функционирање на своите ламенти решенија.
Две години подоцна, во 2022-та година, ФИБЕРНЕТ повторно се одлучи да го прифати предизвикот и да соработува со една од најсовремените болници во регионот и пошироко. 
Соларната централа која беше монтирана од нашиот тим на професионалци е со моќност од 242.4 KWp и составена од два инвертери од брендот „Solaredge“ со моќност од по 100 kW со која се овозможува годишно производство од 259.2 MWh електрична енергија.

На покривот на болницата во моментов се монтирани 606 панели од производителот „Jinko“ со моќност од 400 W, но за поголема заштита и подобра ефикасност на централата монтирани се 303 оптимајзери на моќност од бреднот „Solaredge“.

Со оваа инвестиција на болницата годишно се намалува емисијата на јаглерод диоксид од околу 101,6 тони, што е еднакво како да се посадат 4.667 дрва.
