Камери: Од алатки за безбедност до бизнис партнери?
Со години, камерите помагаат на бизнисите во подобрување на нивната безбедност. Но, што ако камерите можат не само да ја зголемат безбедноста од кражби и непосакан влез, туку и да помогнат во носење паметни бизнис одлуки? Тоа е ветувањето на следната генерација надзорна технологија.
Современите камера системи може да помогнат на трговците подобро да разберат како нивните купувачи вршат интеракција со нивната продавница. Tие може да дадат и податоци за тоа како да го подобрат искуството на купувачите и да ги зголемат приходите од продажба.
Неколку примери како оваа технологија помага на трговците:
1. Пласман на продукти
Една од најважните одлуки што ги носи секој трговец е како оптимално да ги постави своите производи во неговиот објект за да го максимизира вниманието на купувачот.
Heat Map е неодамна развиена алатка која доловува податоци за фреквентноста на купувачите во одредени делови на продавницата. Оваа алатка им овозможува на трговците да видат како купувачите се движат низ нивната продавница. Преку статистика креирана преку кумулативно следење на фреквентноста на посетителите, системот мапира најмногу посетени секции на објектот преку бои. Трговците можат да видат кои делови од нивната продавница се „жешки“, кои се „ладни“ и соодветно да го корегираат приказот на производи.
2. Прилагодување на услугите на купувачите
Еден од најчестите проблеми во малопродажбата се долгите редици при наплата. Новата технологија во камерите може да го прикаже времето на престој на купувачите, а штом тие ќе поминат однапред поставено време за чекање, системот може да го извести раководството на објектот да отвори нова каса за наплата.
3. Може да ја спречи измамата при враќање продукти
Постојат поединци кои се обидуваат со измама да ги вратат предметите што не ги купиле. Тие може да наметнат значителни трошоци на бизнисот. За среќа, оние кои се обидуваат да извршат ваков тип на измами имаат тенденција да работат според предвидливи шеми кои современите аналитички системи можат да ги препознаат. Камерите можат автоматски да означат однесување поврзано со измама и да го известат персоналот на продавницата.
4. Вештачката интелигенција во борба против несакани настани
Напредокот во технологијата и вештачката интелигенција оди во полза на сите посетители и вработени во објектот. Многу денешни надзорни системи опремени со вештачка интелигенција не само што овозможуваат идентификација на предмети со висок степен на прецизност, туку и вршат класификација на истите според фактори како луѓе во близина и форма за да дојде од најрационална проценка. Камера уредите опремени со овој тип технологија можат во реално време да го известуваат персоналот доколку детектираат сомнителни или опасни предмети во посед на индивидуалец или во рамки на објектот. Со тоа, персоналот би бил предупреден доколку постои опасност од кражба или настанување на друга опасна ситуација. Вештачката интелигенција овозможува предвремена реакција на потенцијална опасност и нејзино спречување.
5. Лесно прилагодлив и скалабилен систем
Видео надзорот е скалабилен систем. Како што расте вашиот бизнис, со помош на најновите софтверски решенија, интегрирањето на додатни камери не било никогаш полесно.
Извор: Dahua Technology