ЕДНА ОД НАЈМОДЕРНИТЕ БОЛНИЦИ ВО ЕВРОПА – КЛИНИКАТА ЖАН МИТРЕВ ВО СКОПЈЕ
Со текот на времето, паралелно со зголемувањето на обемот на работа, се јави потреба од проширување на концептот на клиниката Жан Митрев. Така, пред неколку години, токму компанијата ФИБЕРНЕТ М-К направи значаен технолошки придонес во процесот на модернизирање и проширување на клиниката. Се соочивме со уште еден голем и моќен предизвик, отворајќи терен пред нас за докажување на квалитетите и капацитетите со кои поседуваме.
Жан Митрев клиниката во својот склоп се занимава со 14 специјалности како кардиологија, интерна медицина, ортопедија, неврологија, гинекологија, педијатрија, хирургија и други. Располага со 5 операциони сали опремени со најмодерна и најсовремена технологија.
Зградата на клиниката зафаќа 17.000 квадратни метри ефективна површина, во чиј склоп се наоѓаат конференциски аудиториум, ресторан, перална и аптека.
Се на се, огромен и модерен клинички комплекс со изобилство технологија во него.
ФИБЕРНЕТ М-К благодарение на своите производни и услужни капацитети овозможи беспрекорно функционирање на целиот комплекс преку имплементација на своите паметни решенија.
Во првата фаза направивме каблирање на сите слабострујни инсталации. Ова се однесува на целокупната компјутерска и телефонска инсталација. Во оперативниот блок, односно операционите сали, реализиравме решение за аудио-видео сигнални кабли, потоа видео надзор, систем за повик на медицинска сестра и аудио-видео системи во целата клиника. Тука се и системите на контрола и евиденција на пристап и видео домофонија. Секој кат од клиниката поседува специјална просторија т.н. телекомуникациска соба со опрема за вмрежување уреди. Во нив се инсталирани телекомуникациски кабинети со соодветна мрежна опрема.
Особен акцент е ставен на сервер собата во која се имплементирани многу модерни решенија, инсталирани според болнички протоколи и технолошки стандарди. Така, на пример монтирани се 8 кабинети во кафез од плексиглас. Инсталираните кабинети се од брендот APC, кој комплетно ги задоволуваше строгите критериуми. Од истоимениот бренд APC, употребивме UNIFLAIR решение за изведба на подигнат под. Направена е изведба на топла и ладна зона преку специјален In-Row систем за ладење од APC. Овој систем овозможува одлично спроведување на циркуларен ладен воздух до активната и пасивната опрема, а истовремено изнесување на топлиот воздух кон специјални воздушни изводи. Примарната климатизација е на воден принцип со капацитет од 60 kW, додека пак, секундарната климатизација е воздушна со капацитет од 30 kW.
Во сервер собата е спроведена комплетна фибер оптичка инсталација за комуникација со секоја од спратните соби. Сервер собата е мониторирана преку видео безбедносен систем, исто така од брендот APC.
Во одделот за електрика би започнале од јакоструните инсталациони кабли спроведени низ целиот објект. Потоа би ги спомнале шуко приклучниците и прекинувачите, како дел од електро галантеријата инсталирана во клиниката.
Главен акцент ставаме на трите монтирани и инсталирани дизел електрични генератори од брендот AKSA, модел AD660, со моќност од по 660 kVA. Тие се задолжени за опслужување на сите критични потрошувачи при ненадеен прекин на електрична мрежа во клиничкиот комплекс. Начинот на кој овие три генератори се поврзани, овозможува непрекинато функционирање на сите сегменти на клиниката Жан Митрев.
Во прилог на ова инсталирани се вкупно 8 уреди за непрекинато напојување – УПС, и тоа:
– 1х APC MGE Galaxy 7000 со моќност од 250 kVA и проширен капацитет од 90 батерии
– 4х APC MGE Galaxy 7000 со моќност од 160 kVA и проширен капацитет од по 141 батерија
– 1х APC MGE Galaxy 5500 со моќност од 120 kVA и проширен капацитет од 36 батерии
– 1х APC MGE Galaxy 5500 со моќност од 120 kVA и проширен капацитет од 144 батерии
– 1x APC Smart-UPS VT со моќност од 40 kVA и проширен капацитет од 160 батерии
Покрај сето ова, мали се сите употребени епитети за претставување на модерната моќ која ја поседува клиниката Жан Митрев. Сето тоа само поради една цел, здравјето на сите, бидејќи патот до среќата е токму преку доброто здравје.