0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБЕН UPS?

Уредите за непрекинато напојување т.н. UPS (Uninterruptable Power Supply) е вредно надополнување на вашиот компјутер, сервер, NAS (Network Access Storage) уред или слично. UPS уредот најчесто е поставен во непосредна близина на компјутерот или некој сличен уред и делува како посредник за распределување на моќта и струјата од ѕидниот штекер. Најдобро објаснување за тоа која е главната улога на UPS уредот е примерот со батеријата на лаптопот. Кога ќе го исклучите адаптерот, лаптопот сеуште работи, благодарение на батеријата. Така е и со UPS уредот поврзан на вашиот компјутер. Кога ќе снема струја, компјутерот продолжува да работи уште некое време, благодарение на батеријата вградена во UPS-от.

Некои UPS уреди имаат можност за поврзување на еден уред, некои пак за повеќе, некои имаат дисплеј, а некои пак само сигнализација со диоди, некои се гломазни, а некои пак се компактни. Без оглед на сето ова, сите UPS уреди имаат една задача – обезбедуваат енергија во итни случаи. Ајде да погледнеме неколку вообичаени причини, поради кои можеби ќе ги засакате UPS-те.

Што значи заштита со UPS?
Уредите за непрекинато напојување т.н. UPS во целост ја оправдуваат инвестицијата во нив. Тие нудат три основни услуги: заштита од висок или низок напон, регулатор на напон и резервна батерија. Заштитата од пренапон лесно се справува со струен шок предизвикан од удар како на пример од гром. Регулаторот на напон овозможува корекција на напонот кој пристигнува до вашиот уред. Резервната батерија, пак, овозможува одложена работа уште некое време на вашиот уред, тогаш кога ќе снема струја. Времето на одложена работа зависи од два фактори: колкава е моќноста на UPS уредот и колку, односно какви уреди се поврзани на UPS-от.

За доброто на хардверот и софтверот
Флуктуациите во моќта, како што се бранови, бучава, дисторзија и целосно исклучување, може да имаат големо влијание врз хардверот на уредите. Размислете, како да печете месо со недоволна топлина или пак со премногу топлина. Тоа ќе биде или недопечено или препечено, со еден збор нема да можете да го јадете. Истото се однесува еве на пример со матичната плоча и дискот на вашиот компјутер. Постојаните флуктуации не само што се одразуваат на квалитетот на работењето, туку може да предизвикаат и трајно оштетување.
Добриот UPS автоматски го коригира напонот за да се осигура работењето на компјутерот во идеални услови.
Прекините во електричната енергија понекогаш може да предизвикаат проблеми при работењето на софтверот или во најлош случај, трајно да го оштетат. Ова е особено важно во моментите на update, кога не смее да биде прекинат хардверот. За да поверувате во ова, слободно пребарајте на Google „power outage Windows won’t boot“ и ќе ви се појави огромна листа на луѓе кои бараат одговори за овој специфичен проблем.
Во повеќето случаи, потребно е комплетно преинсталирање на оперативниот систем на компјутерот. Тука најголемиот проблем е зачувувањето на податоците кои веќе биле креирани претходно. Ако сакате целосно да го избегнете овој проблем, приклучете го компјутерот на UPS уред, за да може компјутерот да продолжи со работа во случај на прекин на електричната мрежа.
Податоците кои се запишуваат во компјутерот или на пример се префрлуваат на екстерен диск или USB мемориски стик, во случај на прекин на електричната енергија, може да бидат трајно оштетени. Со овој проблем, најпогодени се оние кои користат NAS уред, бидејќи ваквите уреди постојано запишуваат или читаат податоци. Прекинот на струјата не само што ќе ги оштети податоците, туку може да настанат сериозни оштетувања на вашиот NAS уред. Имајте во предвид, дека доколку ваквиот уред е поврзан на UPS, главоболките ќе ги снема.
Дури и во случај да користите лаптоп кога ќе настане прекин на струјата, настанува прекин и на интернет врската, па така вие нема да може да ја завршите работата. Добро е познато дека во голема мера работните обврски во денешно време зависат токму од интернетот. Но, тоа нема да се случи, доколку модемот, рутерот или свичот, ги поврзете на UPS. Со тоа ќе обезбедите интернет врска уште некое време, а истовремено ќе ги заштитите и мрежните уреди од оштетување. Имајте во предвид дека тие се едни од најнежните технолошки уреди подложни на струен удар.

Купување UPS
Дури и да не живеете во област подложна на чести прекини во електричната мрежа, добро би било да си набавите UPS за вашите уреди. Тоа е евтин начин за чување и одржување на инвестицијата во скапи електронски уреди. Впрочем, никогаш не знаете кога ќе се случи струен удар или прекин во електричната мрежа. Зошто непотребно да ви се крева косата?

Ако дојдовте до заклучок дека UPS уредот е добар додаток за вашите уреди, сега на ред е да одлучите кој е идеалниот UPS за вас. Еве неколку фактори кои треба да ги земете во предвид:

– Моќност – осигурете се дека резервната батерија вградена во UPS-от што ќе го купите, има доволно енергија за опслужување на уредите кои планирате да ги поврзете
– Приклучоци – одлучете колку уреди ќе поврзете на UPS-от, па потоа барајте соодветен со онолку приклучоци колку ви се потребни
– Траење на батеријата – одлучете колку време ви е потребно за непрекината работа во случај на прекин на електричната мрежа
– Заштита – откако ќе се одлучите за бројот на уреди кои ќе ги приклучите на UPS-от, осигурете се дека неговата јачина е поголема од вкупната јачина на уредите

Ако ви е потребна стручна помош за одбирање на вистинскиот UPS за вас, тука се нашите стручни лица да ви излезат во пресрет. Располагаме со голем избор на UPS уреди од лагер. Сигурно еден ќе биде правиот избор за вас.

Контактирајте не на добро познатиот телефон +389 2 2403 100 или на e-mail sales@fibernet.mk.

mk_MK