0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

R&M SYNO DOME CLOSURE

Флексибилно FTTx решение соладно запечатување со гели модуларни влезни точки за каблите! Модуларно, флексибилно и иновативно.SYNO dome closure решението ги пресретнува сите стандарди и побарувања на модерните оптички мрежи. Ова решение нуди иновативен начин на ладно запечатување со гел и варијабилни точки на влез на самите кабли, притоа давајќи им поглема слобода и флексиблност на мрежните оператори за сите FTTx проекти.

Самото решение може да се каже дека нуди оптимална флексибилност. Осумте радијално поставени модуларни точки на влез за кабли ги поддржуваат сите посакувани конфигурации и мешани монтирања на кабли и микро-канали. Мрежните оператори имаат поголема слобода да ги составуваат и менуваат своите планови во кратки рокови, бидејќи промени се секогаш можни.

Каблите се поставуваат странично во влезните точки. Нема потреба од протнување на оптичкиот кабел од долната страна на самото кубе. Точките на влез можат да бидат отворени, затворени и променети во било кој момент во само неколку чекори. Конекторите на каблите како и индивидуалните кабли се секогаш слободно пристапни. Намената на концептот е да го револуционира процесот на монтажа на терен и да го поедностави одржувањето при функционирање.

R&M снабдува седум прибори за влезните точки и тоа за 1 до 16 кабли – оптимизирани за сите типични дијаметри на кабли. Кабли со дијаметар до 28 mm и микро-канали со дијаметар до 14 mm се поддржани со приборите. Флексибилноста го прави SYNO dome решението прикладно за речиси секоја област на апликација. Од дистрибуција  па до branch off спојќи, SYNO dome решението е силен кандидат во сите дисциплини и може да биде прилагоден за секоја задача.

Иновативниот SYNO гел ги запечатува и заштитува вредните компоненти. Гелот блокира, интегрираните прибори во точките на влез се лесни за отварање, замена и повторно запечатување, а истите се карактеризираат со долгорочна стабилност.

Логични, интуитивни работни чекори го скратуваат процесот на монтажа. Зафатата за кабли е врзана надвор од кубето – ова може да биде направено брзо и лесно на рабона маса. Внатрешните механизми на спојката остануваат негибнати и заштитени за време на монтажата.

Во внатрешноста се наоѓа веќе докажаниот Single Circuit Management System со неговата технологија погодна за надоградба. Најголемата варијанта може да собере до 1152 спојќи. Нежниот 40 mm радиус на свиување е осигуран при било која густина, се со цел да се гарантираат врвни перформанси и достапност.

Добијте повеќе:

Повеќе иднина
– Опремен за секое FTTx сценарио
– Адаптации се можни при функционирање
– Дополнителни екстензии можат да бидат имплементирани постапни
Повеќе флексибилност
– Модуларен систем, заменливи компоненти
– Компатибилен со сите типови на кабли и микро-канали
– Поддржува мешани монтирања на кабли и микро-канали
Повеќе иновација
– Брза, погодна и ослонлива инсталација
– Скалабилен менаџмент на оптички кабли
– Една единствена платформа за сите апликации

mk_MK