ИНДУСТРИСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И САМОЛЕПЛИВИ ЕТИКЕТИ КОИ ОДГОВАРААТ НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
Високо квалитетните производи за идентификација од HellermannTyton вклучуваат системи за печатење на на цевки, стикери, етикети, маркери за нерѓосувачки челик и многу повеќе.
Индустриската идентификација на HellermannTyton која се нуди на пазарот покрива многу кориснички потреби – од едноставни отпечатени маркери до самолепливи етикети на кои може да се пишува рачно или со помош на принтер.
Екстремните услови во околината побаруваат производи изработени од цврсти материјали. HellermannTyton нуди принтер најдобар во класата за втиснување на испис на плоки од нерѓосувачки челик. M-BOSS Lite принтерот е тивок, брз, и многу лесен за ракување. Се напојува преку стандарден електричен извор, а со него може да се управува преку компјутер со Windows оперативен систем.
Кога постои потреба за печатење етикети за доказна евиденција, достапни се голема палета на материјали за термални принтери на HellermannTyton.
Термален трансфер принтер TT430
Панелните етикети се издржливи и самолепливи, специјално изработени од тенок материјал дизајниран да ги замени традиционалните гравирани пластични таблички. Белата и сребрената блескава боја одговараат на индустриските контролни панели, разводни табли, податочни ормани и етикетирањето на генералната опрема.
Побарувањата за решенија за индустриска идентификација стануваат се покомплексни со текот на времето. Не е доволно само едноставо да се напише со рака на каблите или жиците на едноставна самолеплива лента или некое друго слично решение. Модерното време, само по себе носи модерни потреби и модерни производи, па така HellermannTyton овозможуваат и нудат палета на производи кои одговараат на вашите потреби.
Од суштинско значење е етикетите кои ги користите да бидат соодветни на вашите потреби и барања, да бидат едноставни за користење и да имаат исклучителен квалитет. Како лидер во индустриската идентификација, со 60 години искуство, HellermannTyton се убедени дека можат да понудат материјали кои точно ќе одговараат на потребите и барањата на клиентите. Компанијата има техничка поддршка на повеќе места во Европа, за им овозможат прилагодени решенија на своите клиенти, секако според нивните потреби.
HellermannTyton, нуди комплетен систем на печатење кој вкучува врвен софтвер и принтери кои брзо ќе ги отпечатат етикетите за вас. Квалитетот на етикетите е постојано на високо ниво, па така без проблем може да бидат отпечатени комлицирани графички прикази или баркоди и логоа. Компанијата нуди етикети кои може да бидат отпечатени со помош на термални, ласерски или матрични принтери. Нивните рачни и џебни производи испишани со неизбришливо пенкало, идеално одговараат на потребите за користење и одржување.
HellermannTyton е светски производител кој нуди високо квалитетни решенија за прицврстување, поврзување, пренасочување, заштитување и идентификување. За своите корисници, компанијата развива уникатни решенија кои одговараат на индустриските критериуми, ја заштитуваат инсталацијата и компонентите и овозможуваат квалитет како краен резултат.
Маркери за кабли и жици – производите за идентификација на кабли и жици вклучуваат самолепливи етикети, топлособирливи навлаки на кои може да се печати, цевки на кои може да се печати, самоламинирачки етикети, RiteOn етикети, отпечатени маркери за кабли, тагови за идентификација, штипки за идентификација и Helafix носачи.
Обележување на контролни панели – производи за идентификација на контролни панели се самолепливи етикети изработени од винил (PVC), полиестер (PET) или памучен винил за користење со термални трансфер принтери, ласерски принтери или за испишување со рака со помош на неизбришливо пенкало.
Производи за индустриска примена – самолепливи етикети за идентификување на компоненти изработени од полиестер (PET), винил (PVC) и материјали отпорни на температури за користење со термални трансфер или ласерски принтери. Континуираните самолепливи етикети се идеални за употреба во складишта, магацини или за обележување на цевки.
Производи за обележување поради безбедност – самолепливи етикети изработени од полиестер отпорен на температура, кој остава видливи докази на интерференција.
Индустриска идентификација во опасни средини – отпорен нерѓосувачки челик со систем за втиснување M-BOSS Lite, M-BOSS систем со печатење, Hellermark обележувачи од нерѓосуваќки челик, заштитни ламинати за обезбедување против агресивни хемикалии, високи температури и UV зрачење.