ЗОШТО АЛАТКИТЕ ЗА ВИДЕО КОМУНИКАЦИЈА ТРЕБА ДА БИДАТ ЦЕНТРАЛЕН ДЕЛ ОД ВАШАТА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА?
Вработените гледаат сѐ повеќе работен видео материјал
Видео конференцијата не само што ја зголемува соработката со тоа што подобро ги поврзува тимовите на различни локации, туку дополнително помага во рушење на јазичните бариери во мултикултурните работни средини. Впрочем 94% од помладите менаџери велат дека видео алатките им помагаат во справувањето со јазичните бариери што произлегуваат од глобалниот пазар. Ова е заради тоа што невербалната комуникација е една од најзначајните предности при видео комуникацијата. Таа помага при разрешувања на недоразбирања настанати како последица на некоја јазична бариера и на крајот на денот им овозможува подобро и поефикасно меѓусебно разбирање на вработени од различни културни средини.
Видео комуникацијата ги руши јазичните бариери во глобалните средини
Не би требало да помислите дека сите големи сеопфатни инсталации на GDS3710 ќе значат и поставување на производот на секоја врата во објектот. Наместо тоа, повеќето големи инсталации имаат мешавина од GDS3710 единици во тандем со разни читачи и скенери на безбедносни картички или клучеви.
На пример GDS Video Door системот може да биде користен за надворешните влезови, а обезбедените области во рамките на внатрешноста на истиот објект (пр: арихиви, сервер соби итн.) можат да бидат обезбедени со скенери или читачи на картички и безбедносни клучеви. Во овој случај препорачуваме користење на RFID скенери, бидејќи GDS3710 е опремен со Wiegand интерфејс што ви овозможува да поврзете вакви безбедносни производи од различни производители со GDS – бесплатниот менаџмент софтвер на Grandstream. Пронаоѓањето на уреди кои се компатибилни е навистина лесно поради тоа што Wiegand интерфејсот е широко распространет механизам за контрола на пристап и е еден од стандардите во индустријата. Grandstream исто така произведува RFID читач на безбедносни картички кој е прикажан на сликата погоре.
Онлајн учењето му заштедува на вашиот бизнис пари
Претпријатијата на денешницата се прилагодуваат за видео учење и тренинзи бидејќи учењето на нови вештини на овој начин е брзо и штедливо на долг рок. Според WR Hambrecht, онлајн учењето е докажано дека постигнува ретенција на знаење од 25% до 60%. Можеби овој податок може да се атрибуира на фактот дека е 75% поверојатно дека вработените ќе гледаат видео содржина отколку да прочитаат некој документ, мејл или некоја статија. Сè на сè, бизнисите можат да заштедат од 50% до 70% при замената на тренинг инструктори со видео или онлајн тренинг материјали.
На крајот да заклучиме дека видео комуникацијата може да го зајакне внатрешниот процес кој допринесува до подобар перформанс на работната сила и во некои случаи позитивно влијае на ROI-то на самиот бизнис. Ако сѐ уште ги немате инкорпорирано модерните видео алатки во вашето претпријатие и во вашата комуникациска стратегија, сторете го тоа сега и почнете да се уверувате во резултатите.