0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ПРЕДНОСТИ И ПРИЧИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА VOIP (VOICE OVER IP)

Voice over IP (VoIP) е создаден со цел да се овозможи гласовна комуникација на кое било место во светот. Во повеќето места, разговорот по телефон е многу скап. Замислете да воспоставите телефонски разговор со личност којашто живее на другата страна од светот. Сигурно првата работа која ви паѓа на ум е сметката која ќе ви стигне на крајот од месецот! VoIP го решава овој проблем, а и многу други.

Секако користењето на VoIP има неколку недостатоци, како и користењето на било која нова технологија, но, предностите се многу поголеми.

Подолу можете да дознаете повеќе за придобивките од VoIP и како можете да ја подобрите вашата гласовна комуникација.

Заштедува пари
Доколку не го користите VoIP за гласовна комуникација, тогаш сигурно ја користите обичната телефонска линија. На оваа мрежа, времето значи пари. Односно, вие плаќате за секоја минута што ќе ја поминете во комуницирање преку телефон. Меѓународните разговори се многу поскапи. Бидејќи VoIP работи преку интернет, единствен трошок ќе ви бидат месечните сметки за интернет. Секако, потребно е да имате широкопојасен интернет, како на пример ADSL, со добра брзина. Всушност, денес сите користат неограничен 24/7 ADSL интернет, што значи дека вашиот месечен трошок е фиксна сума. Можете да зборувате колку сакате преку VoIP, а месечниот трошок ќе ви биде ист. Истражувањата покажале дека, во споредба со обичната телефонска линија, користењето на VoIP овозможува да заштедите 40% на локални повици и дури до 90% на меѓународни повици.

Повеќе од две лица 
Телефонската линија овозможува разговор само помеѓу две лица. Со VoIP можете да водите и конференција со цел тим кој ќе комуницира во исто време. VoIP компресира пакети на податоци за време на трансмисијата и со тоа овозможува повеќе податоци да се пренесат преку носителот. Како резултат, повеќе повици можат да се воспостават на една линија.

Употреба на евтин хардвер и софтвер
Доколку сте корисник на интернет и сакате да користите VoIP за гласовна комуникација, тогаш како дополнителна опрема, покрај вашиот компјутер и интернет конекција, потребно ви е звучник и микрофон. Овие додатоци се евтини. Постојат неколку софтверски пакети кои можете да ги симнете од интернет, да ги инсталирате и користите за дадената намера. Примери за ова се добро познатите апликации Skype и Net2Phone. Всушност, вам не ви е потребен телефонски апарат, кој може да биде скап, како и основната опрема, особено кога имате телефонска мрежа.

Многубројни, интересни и корисни опции
Користењето на VoIP значи и користење на неговите многубројни опции, коишто вашето искуство со користење на VoIP можат да го направат богато и софистицирано, и за вас лично и за вашиот бизнис. На овој начин вие сте подобро опремени за управувањето со повикот. На пример, со вашиот VoIP акаунт можете да воспоставите повик од било кое место низ светот до било која дестинација. Опциите вклучуваат и идентификација на повикот, листа на контакти, говорна пошта, дополнителни виртуелни броеви итн.

Повеќе од гласовен повик
VoIP се базира на интернет протоколот (IP), кој е всушност, како и TCP (Transmission Control Protocol), главниот основен протокол за интернет. Врз основа на ова, VoIP поддржува и други медиуми освен глас: може да се префлаат слики, видеа и текст заедно со гласот. На пример, можете да зборувате со некого додека му испраќате датотеки, па дури и да се гледате преку камера.

Statistics, Finance, Stock Exchange and Accounting

Поефикасна употреба на пропусниот опсег
Познато е дека 50% од гласовната комуникација е тишина. VoIP го исполнува празниот простор на тишината со податоци, со цел пропусниот опсег во каналите за комуникација да не бидат залудно потрошени. Со други зборови, корисникот нема пропусен опсег кога не разговара, а тој пропусен опсег е ефикасно искористен за други корисници на пропусен опсег. Покрај тоа, компресијата и способноста да се отстрани вишокот од еден разговор се додаваат на ефикасноста.

Флексибилен распоред на мрежата
Основната мрежа за VoIP не треба да биде со одреден распоред или топологија. Ова овозможува една организација да ја користи силата на докажаните технологии како АТМ, SONET, Етернет итн. VoIP исто така може да се користи со безжичен интернет како Wi-Fi. При користење на VoIP, сложеноста на мрежата својствена за обичните телефонски конекции е елиминирана, овозможува интегрирана и флексибилна инфраструктура којашто подржува повеќе типови на комуникација. Системот кој е повеќе стандардизиран, бара помалку опрема за управување и со тоа повеќе толерира грешки.

Работа и од дома
Доколку работите во организација и користите интранет или екстранет, преку VoIP можете да имате пристап до вашата канцеларија од дома. Вашиот дом можете да го претворите во дел од канцеларијата и да ги користите сервисите за податоци, факс и глас од вашето работно место преку организацискиот интранет. Преносливоста овозможува зголемување на популарноста на VoIP технологијата, бидејќи преносливите продукти се тренд. Преносливиот хардвер се повеќе станува секојдневен, како што се преносливите сервиси, па затоа VoIP одлично се вклопува.

Пратете факс преку IP 
Проблемот со испраќање преку факс сервисите е бидејќи тие користат обична телефонска линија и се многу скапи за далечни дестинации. Со тоа се намалува квалитетот во аналогните сигнали и некомпатибилноста меѓу машините за комуникација. Во реално време, трансмисијата на факс преку VoIP користи само интерфејс за да ги претвори податоците во пакети и да обезбеди сигурна испорака на податоците на еден многу сигурен начин. Со VoIP немате потреба од машина за испраќање и примање на факс.

Попродуктивен развој на софтвер 
VoIP овозможува комбинирање на повеќе видови на податоци и рутирањето и сигнализирањето ги прави повеќе флексибилни и силни. Како резултат, развивачите на мрежни апликации ќе најдат полесен начин за да ги развијат и распоредат новите апликации за комуникација со податоци, со користење на VoIP. Покрај тоа, можноста за спроведување на VoIP софтвер во веб пребарувачите и серверите дава попродуктивна и поконкуретна предност за е-трговијата и апликациите за услуги за клиенти.

mk_MK