0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

IP VIDEO DOOR СИСТЕМ GRANDSTREAM GDS3710

Интеграција со безбедносни системи за контрола на пристап во даден објект Без разлика дали ви е потребно решение за IP комуникација, вмрежување, видео надзор или севкупен пакет за унифицирана комуникација, стратешкиот партнер на Fibernet – Grandstream е секогаш безбеден избор. Токму со овој начин на размислување го создадовмеGDS3710 IP Video Doorсистемот. Да ги разгледаме можностите за интеграција на овој производ во целокупни системи за видео надзор и пристапност во објекти.

Мрежни видео рекордери & видео менаџмент системи
Честа појава за GDS3710 е да биде имплементиран заедно со мрежен видео рекордер (NVR) или видео менаџмент систем (VMS), а подесувањето и употребата на GDS3710 е лесна и едноставна дури и во овие случаи.
GDS3710 е класифициран како ONVIF Proifle S компатибилен, што му овозможува лесна интеграција со голем број на NVR и VMS системи. Производот може да биде инсталиран и менаџиран исто како и кој билој друг уред што е поврзан со дадениот NVR или VMS систем. Ова дозволува гледање, мониторирање, снимање и останати функционалности. Нема потреба од тоа деактивирање и замена на постоечкиот NVR систем за да го почнете да го користите GDS3710. Наместо тоа, само вградете го во вашиот постоечки систем за целосно поврзан надзор и безбеден пристап до вашите објекти.
Доколку немате друг NVR или VMS систем во употреба, GDS3710 може да биде користен и со GDS Manager – бесплатниот менаџмент софтвер на Grandstream.

Скенери на картички & читачи на клучеви
Не би требало да помислите дека сите големи сеопфатни инсталации на GDS3710 ќе значат и поставување на производот на секоја врата во објектот. Наместо тоа, повеќето големи инсталации имаат мешавина од GDS3710 единици во тандем со разни читачи и скенери на безбедносни картички или клучеви.
На пример GDS Video Door системот може да биде користен за надворешните влезови, а обезбедените области во рамките на внатрешноста на истиот објект (пр: арихиви, сервер соби итн.) можат да бидат обезбедени со скенери или читачи на картички и безбедносни клучеви. Во овој случај препорачуваме користење на RFID скенери, бидејќи GDS3710 е опремен со Wiegand интерфејс што ви овозможува да поврзете вакви безбедносни производи од различни производители со GDS – бесплатниот менаџмент софтвер на Grandstream. Пронаоѓањето на уреди кои се компатибилни е навистина лесно поради тоа што Wiegand интерфејсот е широко распространет механизам за контрола на пристап и е еден од стандардите во индустријата. Grandstream исто така произведува RFID читач на безбедносни картички кој е прикажан на сликата погоре.

Заклучени простории
Контролата на пристапот е шега без поврзани електрични брави кои ја овозможуваат реалната контрола на физичкото движење низ различните простории во објектот. GDS3710 е компатибилен со голем број на различни видови на брави и ги поддржува следните видови на механизми:
– Електрични „strike“ брави
– Електрични „bolt“ брави
– Магнетски брави
Електричните strike и bolt брави се најчестиот вид на брави што ги сретнуваме во полето и GDS3710 ги поддржува fail-safe и fail-secure верзијата. Ако се прашувате која од овие е најпогодна за вас, размислете што е тоа што го обезбедувате во вашиот објект. Fail-safe бравите се најпогодни за обезбедување на простори во кои се наоѓаат лица, бидејќи бравата автоматски се отклучува штом снема струја. Fail-secure брави се најдобри при обезбедување на опрема односно имот, бидејќи бравата останува заклучена откако ќе снема струја, односно снабдувањето со електрична енергија ќе запре.

На крајот на денот, GDS3710 е sepak IP уред. Токму затоа, згора на сите функционалности за безбедност, мониторирање и контрола на пристап, GDS3710 IP Video Door системот е компатибилен за интегрирање со IP телефони, IP PBX системи и останати SIP производи. Без разлика дали го инсталирате GDS3710 во нова или стара градба, бидете сигурни дека вашата постоечка безбедносна инфраструктура може да биде интегрирана во решенијата понудени од Grandstream.

mk_MK