0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ЗАШТИТА ЗА ВАС, ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО И СЕТО ОНА ШТО ВИ Е ВРЕДНО

CCTV технологијата е одличен начин за да ја зголемите безбедноста и сигурноста. Ви овозможува да го надгледувате домот, оние кои ги сакате и визуелно да ги заплашите потенцијалните натрапници испраќајќи јасна порака дека ништо нема да помине незабележано. Надгледувајте во живо и бидете мирни.

Имајте очи насекаде
Нашите системи за видео надзор располагаат со безбедносни камери со висока резолуција, па така може да ги држите под око сите агли од вашиот имот истовремено.

Системите за видео надзор имаат се поголема примена во секојдневното работење и живеење. Нивната примарна задача е да обезбедат видео материјал за аналитика на настани и инциденти, како и да обезбедат контрола во процесите на производство и работење.
Продажбата на системи со современа технолошка опрема не претставува само продажба на услуги, затоа што класичниот однос производител – купувач се менува во долгорочна взаемна соработка, која започнува пред воведувањето на системот и понатаму продолжува низ целиот негов животен век.

Fibernet ви нуди модерни решенија за видео надзор на своите корисници. Нашиот тим се состои од сертифицирани и искусни проектанти и инсталатери, обучени и запознаени со опрема од разни производители. Согласно тоа, зависно од вашите потреби, можеме да ви помогнеме да ги уживате придобивките од модерната технологија без главоболки.
Како главна предност на новата технологија во областа на видео надзорот се камерите со висока резолуција кои по своите перформанси се далеку супериорни во однос на конвенционалните аналогни видео камери, кои овозможуваат од 4x до повеќекратно подобар квалитет на слика.

Кога зборуваме за најпопуларната опрема за обезбедување на објект од било каков тип, несомнено мислиме на видео камерите. Ако сте подготвени да ја зголемите безбедноста околу вашите деловни простории или вашиот дом, вработување на чувари кои ќе патролираат не е најефикасно решение. Имено, чуварите не може да бидат на секое место во секое време, а и нивната месечна плата ќе претставува значителен финансиски трошок. Решение е да се потроши прифатлива сума на пари за поставување на камери на посакуваната локација. Безбедносните придобивки од оваа еднократна инвестиција се користат долг временски период, а тоа е и причината за се почестото поставување на системите за видео надзор.

mk_MK