20/09/2018 |
Видеа
ЕЛЕКТРИЧЕН ПОЛИГОН #5
Заврши петтиот по ред Електричен Полигон, во организација на Електромобилност Македонија. ПокрајFibernet MK, активно учество земаа Телеком, ПроКредит Банка, Тојота, ЕВН, Град Скопје и голем број индивидуални ентузијасти кои ја поддржуваат кампањата за електро мобилност во нашата држава. Прикажани беа голем број електрични возила и полначи за електрични возила, а целта беше популацијата подобро да се запознае со електричните и хибридните возила, како и уште повеќе да се побуди свеста за општествена одговорност за поголема еколошка вредност на околината. Погледнете како изгледаше сето тоа низ нашиот објектив.