0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ВОЈНА НА КАБЛИТЕ: БАКАР – ОПТИКА

Wi-Fi е одлична работа. Можеби една од најпаметните изуми на денешницата. Сите ние го сакаме. Но, позадина секоја добра безжична мрежа, постои сериозен кабелски систем. Прашањето е, која е подобрата солуција за поквалитетен безжичен сигнал, бакар или оптика? Решенијата со бакарни кабли се многу евтини, и претставува алтернатива со ниска цена, а многу можности. Но, понекогаш е потребна поскапа опција со оптички кабли. Кога подетално ќе се разгледаат бакарните и оптичките кабли, ќе сфатиме дека всушност не постои реална војна помеѓу нив, колку што луѓето го фаворизираат тоа. Секое од двете решенија има свој фер удел во добрите и лошите страни. Со уникатни придобивки и ограничувања за секое од двете решенија, воопшто не изгледа како тие да се натпреваруваат меѓу себе.

Оптиката е подобра кога е во прашање брзината, безбедноста и преносот на податоци на големи растојанија. Од друга страна, оптичките влакна се кршливи и доста поскапи.
Бакарните кабли стануваат побрзи, меѓутоа имаат големи ограничувања кога станува збор за пренос на поголеми растојанија. Физички се поиздржливи, меѓутоа многу се склони кон интерференција.
Сигурно ќе прашате, па добро кој е правиот избор? Тоа е лесно да се каже, и верувам дека го погодивте одговорот… зависно од потребата!
Оптиката е одлична за поврзување со апликации на отворено и може да пренесе многу податоци на огромни растојанија. Сепак, кога се работи вмрежување на канцеларијата или домот, изборот станува посуптилен. Тоа се местата каде бакарните кабли ги оправдуваат своите предности.
Една од главните причини се сведува на заштеда на трошоците. За таа цел, бакарните кабли ја намалува потребата од дополнителни извори на енергија.

Помалку кабли со помалку приклучни инсталации? Очигледно е зошто бакарот е сеуште популарен избор на многу корисници.

Веројатно може да се каже дека изборот помеѓу оптички или бакарен кабел не е секогаш јасен. Затоа, ајде внимателно да ги разгледаме придобивките и недостатоците кај секој од нив. Сепак, не треба ова да се сфати буквално, бидејќи, да бидеме искрени, многу инсталации имаат потреба од комбинирана употреба на бакар и оптика.

Потекло на етернет и оптички кабли
Етернетот првично бил развиен од страна на Xerox во 1970-те години, а дури после 10 години, во 1980, станал комерцијален тренд.
Потеклото на оптиката, се врзува со нејзините први намени кога NASA прв пат на месечината користела телевизиски камери во далечната 1969 година.
Двете решенија се развиваат со децении, па од историска гледна точка тие се на исто рамниште.

Проблеми со пречки
Незаштитениот т.н. unshielded бакарен кабел има најмногу проблеми со пречки. Тие може да бидат предизвикани од голем број избори како Bluetooth или RF трансмитери, трансформатори, микробранови и слично.
Решението е едноставно. Користење на кабли со повисока оцена како сто се Cat 5e, 6 или 7. Исто така, стручњаците препорачуваат спојување на заштитен т.н. shielded кабел со shielded конектори, за постигнување најдобри резултати. Дополнителната заштита прави голема разлика.
Електричната интерференција не претставува никаков проблем за оптичките кабли. Кај нив може да се случи т.н. меѓусебно мешање или Intersymbol Interference и произлегува од светлосни импулси кои се мешаат едни со други. Ова се случува бидејќи изворите на светлина не се целосно монохроматски.
Сепак, оптичките влакна имаат висок процент на сигурност. Исто како и заштитените бакарни кабли, така и оптичките кабли имаат своја ахилова пета, меѓутоа производителите постојано работат на нивно подобрување.

Брзини
Оптиката е дефинитивно победник кога се работи за брзината. Дури и терабајти во секунда не се проблем кога се обидувате да пренесете сигнал од дневната соба до спалната.
Еве неколку тековни откритија кои ги обликуваат нивоата на перформанси што доаѓаат за секој тип на кабел.

Пресврт во бакарната технологија
Етернетот едно време имаше брзина од само 10 Mbps над 100 метри растојание. Податоците ги турка преку електричната инфраструктура. Но, со користење на 802 IEEE стандардите, брзината значително се зголеми до 5 Gbps. Подвигот од 10Gbps е на пат да биде остварен.
VDSL2 технологијата дополнителни ја смени играта. Таа користи до 30 MHz пропусен опсег за да обезбеди брзина до 100 Mbps во два правци преку еден пар извртен бакарен кабел.
Значи, поранешните ограничувања се прошируваат. VDSL2 технологијата, исто така го отвара патот и за GFast. Лабораториските истражувања во моментов достигнуваат брзини до 150 Mbps над 500 метри растојание.
Она што го води ова движење е првенствено популарност на потрошувачите. Етернет екстендерите и SPF модемите се особено популарни, бидејќи тие им помагаат на потрошувачите да заштедат пари. Пазарот може слободно да смета на континуирана побарувачка и потрошувачка на етернет уреди. Според тоа, производителите се соодветно мотивирани да трошат пари за развој на своите производи. Ова води кон понатамошно истражување и развој, и на тој начин циклусот започнува одново.

Ова се најчестите типови бакарни кабли:
Cat 5e – “e” значи enhanced и овие кабли се произведуваат по построги параметри. Овој тип на кабел е подобар од обичниот Cat 5 кабел.
Cat 6 – поддржува поголем пропусен опсег за разлика од Cat 5 и 5e. Овој тип на кабли се заштитени, односно shielded.
Cat 6a – “a” значи augmented и овие кабли имаат способност да одржуваат големи брзини на големи растојанија.
Cat 7 – тип на кабел кој поддржува брзини до 100 Gbps во опсег од 15 метри.

Пресврт во оптичката технологија
Фибер оптичките кабли спаѓаат во две категории: single и multi. Single модот користи ласерска светлина за да испраќа сигнали на долги растојанија. Multi модот, пак, користи диоди кои испраќаат сигнали преку оптички кабли кои покриваат пократки растојанија. Single модот може да достигне 50 пати поголемо растојание од multi модот. Вреди да се напомене дека single модот е и поскап.

Мултимодните оптички влакна обично достигнуваат до 10Gbps брзина на растојаните до 600 метри. Заедничка група истражувачи од Холандија и САД успеаја да постигнат брзина на податоци од неверојатни 255 терабити во секунда по влакно. Ова е еквивалентно на околу 32 терабајти во секунда – доволно за пренос на податоци од 1GB за само 31.25 микросекунди. За да ви дадеме некоја појасна слика, најефикасните линеарни врски со оптички кабли достигнуваат брзина од 100 Gbps. Па, сега вие направете математика. Според овие истражувачи, брзината од 255 Tbps може да го надмине нето вкупниот сообраќај што тече низ целиот интернет за време на часовите во пикот. Неверојатно!
Тоа се многу податоци кои ја достигнуваат својата дестинација со брзина на светлината.
Фибер оптиката е дефинитивно одличен избор.

Која е разликата помеѓу оптика и бакар?
Во последно време, комуникацијата преку фибер оптика трпи многу голем развој. Во многу случаи, фибер оптичките кабли ги заменија традиционалните бакарни кабли, првенствено за достигнување поголема брзина и поголем опсег на трансфер. Некои тврдат дека оптичките каблите имаат помала латенција (доцнење) при комуникација за разлика од бакарните кабли, но некои не мислат така. Тогаш, кои се всушност разликите помеѓу оптичките и бакарните кабли?

Латентност кај оптичките и бакарните кабли
Пред на направиме споредба во латентност кај оптичките и бакарните кабли, да објасниме што всушност претставува латенција. Тоа е временското доцнење помеѓу испратената информација и нејзиниот одговор. Обично, тоа е предизвикано од ограничувањата на брзината во физичкиот систем. Терминолошки, латентност е времето потребно сигналот да патува од едно место до друго. Постојат повеќе типови на латентност: мрежна латентност, интернет латентност, аудио латентност, WAN латентност итн. Исто така, поимот латентност може да се опише како растојание и брзина. Покрај сето ова, латентност постои. Прашањето е само во колкав процент? Клучен фактор кој влијае на латентност е брзината на сигналот во медиумот за пренос. Во ситуацијава бакарот и оптиката се двата типа на медиуми за пренос.

Латентност кај фибер оптичките кабли
Како што знаеме, брзината на светлината во слободен простор е 3х108 метри во секунда. Светлината многу побрзо се движи низ воздух, за разлика од вакуум простор. Така е и во стаклото. Од тука, кога сигнал патува низ оптички кабел, постојат пет причини за појава на латентност. Два од нив се создаваат кога сигналот се движи од електричниот домен до оптичкиот, третиот се јавува кога сигналот поминува низ оптичкиот кабел и последните два се случуваат кога сигналот се претвора од оптички во електричен.

Латентност кај бакарните кабли
Сигналот кој поминува низ бакарен кабел, подложен е на влијанија од надворешната средина. Тоа особено се случува кога сигналот патува на поголемо растојание. Колку е поголемо растојанието, толку повеќе слабее сигналот. Тоа доведува до грешка во сигналот кој се пренесува, па често корисниците мислат дека брзината на пренос е бавна. Всушност, брзината на пренос не се намалува.

Разлики во латентност помеѓу оптички и бакарен кабел
Сигналите во оптички кабел се пренесуваат само со 2/3 од вкупната брзина на светлината. Кај бакарот таа брзина може да биде и поголема. Сепак, ова не може да се смета за латентност. На подолги растојанија, има мала латентност (скоро и да не постои) бидејќи не постои потреба од обработка и повторување на сигналите. Додека, пак, кај бакарот, сигналите се погодени од електромагнетни пречки и се склони кон повисоки стапки на загуба при пренос на долги растојанија.
Освен тоа, независно дали кај оптичките или бакарните кабли, поимот латентност рековме дека може да се опише како растојание и брзина. Во прилог на тоа, за време на целиот процес на пренос, одложувањето на трансформирањето на сигналот има далеку поголемо влијание на пократки растојанија. На пример, потребни се 8 милисекунди за трансформирање на 1500 бајти податоци во линк со брзина од 1.5 мегабити во секунда. За разлика од тоа, за истиот податок потребни се 1.2 микросекунди во линк со брзина од 10 гигабити во секунда. Уште помалку време е потребно за многу поголема брзина. Ова покажува дека брзината на пренос игра значајна улога и прави огромна разлика.

Со еден збор, разликите во латентност помеѓу оптика и бакар, се под директно влијание на растојанието, брзината и околината на пренос. За пократко растојание, може да бидат прав избор, бидејќи во тој случај доцнењето не значи многу. При пренос на поголеми растојанија, пак, оптичкиот кабел нуди помала латентност за целата мрежа и може да биде правиот избор.

На крајот на краиштата, најдобрата одлука е онаа што ќе ја донесе корисникот, во зависност од потребите. За најдобро решение се смета дефинитивно она кое е способен да го обезбеди понудувачот со најдобра инсталација со најниска можна цена. Клиентите секогаш ги знаат своите буџети, но не секогаш своите потреби.

Знаењето е моќ. Ако имате прашања во врска со ова, ве молиме контактирајте ги нашите стручни лица!

mk_MK