0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА МРЕЖИ

Може ли вештачката интелигенција да извршува специфични работни задачи во мрежите и да ги замени луѓето? Раководителот на производи за R&M, Рајнхард Буркерт разгледува каква е поврзаноста и интеракцијата помеѓу вештачката интелигенција и мрежите. Инфраструктурите достигнуваат критична големина. Најновите прогнози потврдуваат долгорочен драматичен раст во интернет сообраќајот. Наскоро ќе има повеќе од 28 милијарди мрежно поврзани уреди во жичана и безжична форма. Сите тие ќе користат безброј дигитализирани системи и функции, чие поврзување и следење треба да биде безбедно.

Пазарот на центри за податоци се подготвува за токму таа ситуација. Инфраструктурата во компјутерските простории ќе биде набиена уште повеќе. Илјадници и илјадници сервери и стотици илјади, па дури и милиони кабли, оптички влакна и конектори. Сето тоа треба да бидат сместено таму. Заклучок на ваквите идни сценарија: Сложеноста и динамиката на инфраструктурите достигнуваат димензии со кои луѓето веќе не можат да управуваат без вештачка помош.

 

На луѓето им е потребна помош

 
Од гледна точка на R&M, веќе е предвидливо дека автоматското управување со инфраструктурата – како што знаеме денес, на пример со R&MinteliPhy – ќе треба да се развива понатаму. Идните чекори за еволуција во автоматското управување со инфраструктурата исто така ќе користат вештачка интелигенција за да се обезбеди дека можеме да продолжиме да ги контролираме инфраструктурите.
Вештачката интелигенција самостојно ќе управува со поврзаноста од центарот за податоци со крајните уреди во еден паметен град, економски ефикасно и ќе одговара на барањата. Може да предвиди одредени работи од наодите добиени при мониторинг и машинско учење. На пример, да се дознае каде и кога каблите стареат и не функционираат или каде има преоптоварување и кои се причините за тоа. Вештачката интелигенција станува фактор за создавање вредност во мрежното работење.

 

Тесната врска

 
Покрај тоа, вештачката интелигенција, исто како и онлајн услугите, бараат доволно димензионирано каблирање што може да се намали во секое време, истото да е без латентност и безбедно. Во спротивно, нема да може да ги исполни очекувањата. Со други зборови, мрежите и вештачката интелигенција се меѓусебно зависни.
R&M има долгогодишно искуство во развој и производство на системи за автоматско управување со инфраструктурата. Управувањето со производот посветува големо внимание на технологијата и во иднина ќе имплементира соодветни функции, како што е позиционирање на уредот и оптимизација на кабелот.

mk_MK