0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

УНИВЕРЗАЛЕН U-BOX – РЕШЕНИЕ ЗА ПАМЕТНО КАБЛИРАЊЕ

За да можете поефикасно да инсталирате и со поголема сигурност да ја планирате иднината на каблирањето, ние гледаме подалеку од индивидулните иновации. Затоа, U-Box претставува платформа за брзо и лесно инсталирање на кабли во канцеларијата или домот. U-box одлично се вклопува во секој модуларен систем за кабли.

Предности во процесот на планирање и инсталирање
Ние спроведуваме иновација наменета за инженерите за електрично и мрежно планирање, за инсталатерите и сите лица коишто се задолжени за проектите, која во повеќето случаи ја олеснува нивната работа. Со U-Box како модул со единствена база, проектите за кабли или MUTO и концептите за консолидирање можат да бидат спроведени поефикасно од претходно. Селекцијата на производи и подготовката за работа за хоризонтални кабли е намалена на минимум. Планирањето се прави само за локацијата и сè што е потребно за составување на градежните блокови на локацијата или можете да имате достава на т.н. pre-terminated кутии. Ова овозможува сигурност во планирањето бидејќи можете да одлучите во последниот момент како детално треба да изгледа инфраструктурата.

КУТИЈА ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ – ПОВЕЌЕ ОПЦИИ
Со U-Box, R&M им дава компактна флексибилност на канцелариските кабли.   Универзалната платформа за инсталирање со систем со модуларен конектор дистрибуира кабли за комуникации, податоци и енергија во подигнати подови – или каде и да посакате. U-box, составниот дел на програмата на R&M за кабли за широки канцеларии, поддржува MUTO и концепти за консолидирање и може да биде комбиниран со системот за кабли на R&Mfreenet.

 

 

КОМПАКТЕН
Поради малите димензии (210 x 210 x 57 mm) U-box се вклопува во ниско подигнатите подови или вдлабнати тавани, канали за кабли или дистрибутивни кабинети. Благодарение на неговиот неутрален дизајн, изгледа примамливо и на канцеларискиот мебел или за решенијата за површинска монтажа.

 

ФЛЕКСИБИЛЕН И МОДУЛАРЕН
Двата предни панели овозможуваат да ги поврзете каблите на 8 начини. Четирите предни 45×45 ги поддржуваат сите шуко приклучоци со форматот 45×45. Секако тука се вклучени и RJ45 дата приклучоците.

 

БЕЗБЕДЕН И ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДИТЕ
Технологијата за брза инсталација, лесна монтажа преку големиот број на опции, ја олеснуваат сигурноста и ги намалуваат грешките при инсталација на кабли и конекции на самата кутија. Стандардната и согласна поделба на енергијата и податоците овозможува поголема заштита. Не е потребна никаква подлога за кутијата.

 

 

 

 

EДНОСТАВНО И ЧИСТО
Капакот ставете го на шасијата и свртете ја црвената рачка на 90 степени. Ова е начинот со кој го затварате U-box. Внатре, сè останува чисто и заштитено од прашина. Покрај тоа, можете да вметнете завртка во копчето за вртење.

СТАБИЛЕН
Материјалот за инсталирање мора да биде стабилен бидејќи градилиштето е сурова средина. U-Box издржува товар потежок од 200 kg. Благодарение на неговата ниска подложност на оган (категорија V-0), може да се користи во кој било јавен објект.

ПОГОЛЕМА ГУСТИНА ЗА ПОВЕЌЕ КАБЛИ
Симетричниот дизајн со бранови со различни конекции ја зголемува густината на пакување. Дури до 16 заштитени RJ45 приклучоци може да се сместат во U-box. Ова овозможува инсталација на мрежи на податоци со високи перформанси во најмалиот можен простор со поволен однос перформанси-цена. Пропишаните радиуси за бакарни кабли се исполнети, дури и во страничните елементи на каблите.

ОПТИЧКИ ВЛАКНА: ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ
U-Box служи како преносник на кабли со оптички влакна каде што има поголеми количини на податоци и опсег. Во шасијата може да бидат сместени дури до 8 SC двонасочни или SC-RJ конекции. Со решенијата како на пример комбинација од R&M’s VARIOline – можете без никаков напор да спроведете кабел во објектот преку канцелариите. Може да се спроведе индивидуално составен конектор – спремен да ги заврши сите решенија на градилиштето.

ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ: ЕДНА КУТИЈА, ДВА КОРИСНИКА
Можете да бидете поефективни и да создавате придобивки за корисниците. Модуларниот принцип на U-Box со опции за странични врски овозможува истовремен пристап од две работни станици. Можете да воспоставите до осум конекции за комуникации и податоци и до четири приклучоци за струја во една кутија. Покрај тоа, капакот овозможува целосна визуелна инспекција на водичот за жица и кабел.

ПАМЕТНИ ДОДАТОЦИ
Дали расчистување на подот е потребно за да се задоволат нерамнините? Или за да се заштити од навлегување на вода? Едноставно притиснете го мултифункционалниот конектор кој се наоѓа под кутијата. Овие конектори исто така се користат за надворешна монтажа или како адаптери во редење и низа на конекции на U-box.

Поради сето ова, U-box е повеќе од идеален додаток на R&M програмата за кабли за широки канцеларии. Системите за целосно структурирани кабли со глас, податоци и интеграција на енергија – без разлика дали се системи врз основа на бакар или оптички влакна – можат да бидат конфигурирани со индивидуални барања со U-box и R&Mfreenet компоненти. Со помош на U-box, R&M уште еднаш го преземаат раководството на технологијата на системите за кабли и кабли во модерните канцеларии. Додадената вредност на развивањето на овој производ вклучува поголема ефикасност, полесно ракување, густина за поголемо пакување и опции за разновидна примена. Вие добивате универзална и компактна платформа којашто е единствена на пазарот.

mk_MK