НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ЛЕБАНОН ГО ОДБРА R&M ЗА СТРУКТУРНОТО КАБЛИРАЊЕ ВО НИВНИОТ ОБЈЕКТ
ABC е убедливо најпроминентниот трговски центар во Лебанон, кој нуди уникатно шопинг искуство и голем број на забавни активности. Компанијата ABC Verdun има повеќе од 75 годишно искуство градено на иновативност и токму заради оваа причина, тие инвестираа во најнапредната инфраструктура снабдена од R&M. Оваа мрежа служи како платформа на која тековно функционираат критичните сервиси на објектот како: интернет, POS системи, CCTV, дигитално потпишување и системот за менаџмент на самата зграда.
ABC е првата компанија која го претстави концептот на модерен трговски центар на пазарот во Лебанон и последователно стана омилениот бренд во земјата кога станува збор за шопинг дестинации. Лоциран во срцето на Бејрут, трговскиот се протега на простор од речиси 140,000 метри квадратни и е дом на повеќе од 200 продавници во кои спаѓаат и голем број на интернационални брендови. Дополнително, дел од трговскиот исто така се и кино салите, и околу 30 ресторани и кафулиња како и мал број на нови т.н. „концепт продавници“.
Давањето предност на искуството на потрошувачите е она што го доведе IT тимот на ABC да го одберат R&M за нивните потреби. Дополнителен аргумент за тоа зошто да се одбере R&M беше фактот дека тие нудат гаранција од 25 години на кабловската инфраструктура – нешто што ниту еден од конкурентите не е во состојба да го понуди. Сега нивните системи ќе работат ефикасно на брзата мрежа и ќе овозможуваат сервиси за се од процесирање на електронските плаќања во продавниците до системите за обезбедување, како и систем кој го оптимизира нивниот паркинг од 1,700 места.
Долготрајното присуство на R&M во блискиот исток е исто така уште една придобивка за ABC. Времетраењето на инсталацијата беше значително намалено како последица на тоа што се користеа конектори кои се лесни за инсталација на терен што овозможи да се поврзат фибер оптичките теренски конектори со оптичките кабли на самата локација помалку од 1 минута. Оваа иновација овозможи да се скокне чекорот на fusion splicing кој е доста скап и го зголемува времетраењето на самата инсталација, со тоа што pigtails, patch каблите и инсталационите кабли беа директно поврзани.
За вмрежувањето во продавниците, трговскиот го искористи најновиот Cat. 7 S/FTP кабел со Cat. 6a аутлети, додека вмрежувањето на CCTV системот е базирано на реномираното Cat. 6 каблирање. Бакарното каблирање се поврзува со фибер оптички „`рбет“ што се ползи со OM3 оптичко каблирање.
Искуството што R&M го има во бакарното и оптичкото каблирање му овозможи на ABC да ги исполни сите потреби од сферата на структурно каблирање и воедно значително го поедностави процесот на инсталацијата. Делот од мрежата што е изграден на системите на R&M има 25 годишна гаранција која ги штити инвестициите на ABC и се осигурува во нивната успешност за годините што следат.