0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

СТАНИ КВАЛИФИКУВАН ПАРТНЕР

Кога зборуваме за високи перформанси, екстремно брз пренос на податоци и мрежи за комуникација, тогаш мислиме на R&M. Секогаш одете на најдобрата опција, секогаш одберете го R&M. Тој е партнерот на кој може да му верувате кога станува збор за каблирање, поврзување и дистрибуција на опрема.

Како независна Швајцарска компанија, R&M не прави компромис за да го достигне квалитетот. Таквиот пристап на работите продолжува да се зголемува – од креирање на компоненти до комплексни инсталации. QPP или програмата за постанување квалификуван партнер на R&M, нуди бенефит за сите крајни корисници, дистрибутери, планери, инсталатери и систем интегратори. Како партнери на R&M сега имате уникатна можност да заработувате преку квалитетен систем на управување.

 

Структурно каблирање кое функционира беспрекорно
R&M им нуди на операторите и корисниците на мрежни податоци и комуникација една сеопфатна гаранциска програма во структурното каблирање во согласност со EN 50173-x, ISO/IEC 11801 и TIA/EIA 568-C стандардите. Оваа програма ги опфаќа сите основни елементи како планирање, селекција на производи, инсталација, формално мерење, операции и одржување.

Во овој програм од три нивоа, R&M гарантира исправно функционирање на кабелскиот систем и преносот на сите ратификувани мрежни услуги. Гаранцијата се проширува преку сертифицирани партнери кои припаѓаат на QPP – програмата за квалификувани партнери и кои ги поминале сите три нивоа, кои вклучуваат:

 

– 5 ГОДИШНА ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОД – R&M гарантира дека пасивните компоненти од R&Mfreenet кабелскиот систем ќе функционираат коректно во овој период, како и тоа дека ги надминуваат побарувањата на сите релевантни стандарди за каблирање. Оваа гаранциска заштита ја добиваат сите кои набавиле пасивни компоненти од R&Mfreenet.

 

– 25 ГОДИШНА ГАРАНЦИЈА НА СИСТЕМОТ – Ова го покрива целиот R&Mfreenet кабелски систем и го заштитува клиентот од неправилно функционирање на компонентите, како и во случај на проблеми со инсталација на истите. Гаранцијата се продолжува се додека системот се состои само од R&Mfreenet пасивни компоненти и само доколку инсталацијата ја има направено R&Mfreenet сертифициран менаџер за инсталации или некој со повисок степен на тренинг од QPP – програмата за квалификувани партнери на R&M.

 

– ДОЖИВОТНА ГАРАНЦИЈА – Оваа гаранција важи само доколку сертифициран дизајнер ја испланирал и презел одговорност за инсталацијата на пасивни компоненти од R&Mfreenet кабелскиот систем. Со ова се гарантира дека сите протоколи во системот поддржан од индустриските стандарди за време на инсталацијата ќе работат исправно се додека системот функционира.

 

– ЗАЕДНИЧКО РАБОТЕЊЕ НА ГЛОБАЛНО НИВО – R&M има креирано глобална мрежа од компетентни партнери кои професионално советуваат клиенти на локално ниво и го ставаат на располагање идеалното решение за дадената ситуација. Корисниците имаат пристап до уникатниот гаранциски програм и имаат идентичен стандард за квалитет преку сертифицираните партнери.

 

– НАЈДОБАР КАБЕЛСКИ СИСТЕМ – R&Mfreenet секогаш е вашиот прв избор. Добивате многу повеќе од овој модуларен кабелски систем. Всушност, тој ги надминува сите стандарди во смисла на перформанси, сигурност и квалитет. Брзата техника на инсталирање е ефикасна и примарна работа.

– ЗА СЕКОЈ ПРОЕКТ – со R&Mfreenet, партнерите на R&M можат да се справат со било кој проект, без разлика на тоа дали се работи за планирање на структуирана канцеларија, инсталирање мрежа во центри за податоци или ставање на цела инфраструктура за идустриска цел.

 

– ШВАЈЦАРСКА ПРЕЦИЗНОСТ – Името R&M е гаранција за вашиот бескомпромисен квалитет. Во производството, R&M и сите снабдувачи ги следат најдобрите искуства на швајцарска прецизност во инженерството. Сo QPP – програмата за квалификувани партнери, добивате уникатен квалитет и контрола на системот.

 

– ВИСТИНСКО ПАРТНЕРСТВО – Еднаш кога ќе станете R&M партнер, бенефициите веднаш се зголемуваат. Квалитетно работење, сигурна логистика, индивидуална поддршка итн. R&M има се што ви е потребно за каблирање на дневна основа и нуди очи-во-очи фер партнерство.

 

– СИСТЕМ ЗА УСПЕХ – Програмата за квалификувани партнери на R&M е ефективна како и самиот кабелски систем. Преку оваа програма станете глобален експерт во квалитетните бакарни и оптички решенија.

 

– ПОДДРШКА ЗА ПАРТНЕРИ – Програмата вклучува тренинг, сертификација и долгорочна поддршка за сите R&M партнери кои продаваат R&Mfreenet кабелски систем на пазарот и го користат за планирање на инсталации и тековни операции. Стекнете се со високо ниво на тренинг. R&M користи висококвалификувани инструктори. Тие секоја година се сертифицираат одново.

 

– R&Mfreenet ТРЕНИНГ ЗА КВАЛИФИКУВАН ИНСТАЛАТЕР – Секој кој ќе ги помине овие обуки се стекнува со титулата R&Mfreenet Qualified Copper Installer или R&Mfreenet Qualified Fiber Optics Installer. Оние што се стекнале со оваа титула добиваат R&M ID и неограничена дозвола за инсталација на R&Mfreenet. R&M дава 5 години гаранција на сите инсталции направени од страна на квалификуван инсталатер.

 

– R&Mfreenet ТРЕНИНГ ЗА СЕРТИФИЦИРАН ПАРТНЕР – R&M нуди две високи QPP титули за сертифицирање на експерти, проект менаџери и менаџери. Сите оние кои ќе поминат преку тренинг обуките во период од два дена и квалификацискиот тест, добиваат титула R&Mfreenet Certified Installation Manager или R&Mfreenet Certified Designer. Сертифицираните менаџери на инсталации се одговорни за исправна и професионална инсталација и квалитетна контрола на R&Mfreenet системите. Тие добиваат сеопфатна поддршка од R&M.

 

Тие може да им нудат на корисниците 25-годишна гаранција на системот за коректно инсталирана структура кај кабелските решенија. Сертифицираните дизајнери, пак, добиваат целосна одговорност врз проектите, за усогласеност со стандарди и за правилна и професионална имплементација на кабелскиот систем. Тие работат во согласност со R&M линиите на инсталација и квалитет. Сертифицираните дизајнери, исто така имаат одлучувачко влијание врз перформансите и оперативната сигурност на планираните податоци и мрежи за комуникација. R&M нуди доживотна гаранција за секој проект кој го работат.

 

Вие исто така може да ги користите бенефициите и предностите на QPP – програмата за квалификувани партнери. Аплицирајте тука и добијте можност за обука преку која може да станете КВАЛИФИКУВАН ПАРТНЕР на R&M. Преку оваа програма ќе добиете поголем квалитет и поголема компетентност за да се здобиете со поголем успех.

mk_MK