0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА WIRELESS MESH NETWORK

Wireless Mesh Network (WMN) или во буквален превод мрежа од безжични мрежи, претставува комуникациска мрежа составена од радио јазли организирани во мрежната топологија. Исто така, WMN е еден вид форма на безжична ad-hoc мрежа. Mesh мрежата се однесува на богата интерконекција помеѓу уредите и јазлите. Безжичните мрежи често се состојат од мрежни клиенти, мрежни рутери и портали.

Идејата е едноставна – mesh мрежата значи дека разните мрежни јазли помагаат да шират мрежна конекција низ голема површина со тоа што комуницираат еден со друг и формираат врска. Во суштина, безжичната Mesh мрежа е алтернатива на традиционалното Wi-Fi решение кое користи Access Points и жичани врски за да создаде поголема мрежа. Во сценарија каде што не е можно да има жичана врска поради ограничувањата на ресурсите или животната средина, важно е да се има решение што поддржува безжична мрежна технологија.
Уште подобро е тоа што Mesh безжичните мрежи се навистина безжични, бидејќи тие во позадина не се потпираат на кабли за комуникација помеѓу јазлите и имаат тенденција да испорачаат брзи, ефикасни и сигурни мрежи, без оглед на локацијата. Ова е особено важно за надворешни распоредувања каде Wi-Fi уредите се предизвик за имплементација.

Што всушност се мрежните јазли?
Пред да „копаме“ во тоа како функционираат мрежните јазли, ќе дискутираме за тоа што всушност претставуваат тие. Mesh јазлите се мали радио предаватели кои служат како безжичен рутер во традиционалното Wi-Fi решение со Access Points и рутери. За разлика од жичните или безжичните мрежи кои користат Wi-Fi уреди за да комуницираат и пренесуваат информации, овие јазли се програмирани за да комуницираат едни со сдруги во Mesh мрежата. Тие ги пренесуваат информациите безжично од еден до друг јазол, и се така до следниот на брз традиционален Wi-Fi стандард 802.11 a/b/g/n, за да комуницираат едни со други или со корисниците.

Како да креирате Mesh мрежа?
За да се формира Mesh мрежа, само еден јазол треба да биде поврзан со мрежна конекција, како што е интернет модем или рутер. Поврзаниот јазол потоа може да ја споделува својата интернет конекција безжично помеѓу останатите јазли во рамките на својот опсег. Колку повеќе јазли се достапни, толку е поголема мрежата што се создава.

Дефинирање на Mesh топологии и нејзините типови
Бидејќи постојат различни цели наменети за создавање различна мрежа, Mesh мрежата може да се конфигурира и да се постави на различни начини – тоа е местото каде што влегуваат мрежните топологии. Топологијата на мрежата се однесува на различните распореди достапни за различни јазли за да се поврзат едни со други според тоа како тие комуницираат меѓусебно. Физички топологии се начин на кој јазлите се физички поврзани едно со други (обично преку жици), додека логичките топологии се однесуваат на начинот на кој мрежните уреди се појавуваат како да се поврзани едни со други. На пример, ако локацијата 1 е поврззана со локацијата 2, вистинската рута можеби ќе треба да помине ни различни switching точки во зависност од физичкиот изглед на мрежата, но логичката топологија е поедноставна претстава на локацијата поврзана со локацијата 2.

Постојат шест видови на мрежни топологии: Bus, Hybrid, Mesh, Ring, Star и Tree.

– Bus топологија – се однесува на тип на мрежа каде секој компјутер и мрежен уред е поврзан со еден кабел. Оваа топологија пренесува податоци во една насока и секој уред е поврзан со еден ист кабел.
– Hybrid топологија – ова е мешавина од две или повеќе топологии. На пример, ако една канцеларија користи Bus топологија и треба да се поврзе со друга канцеларија која користи Ring топологија.
– Mesh топологија – поврзување од точка до точка со други јазли или уреди. Ова значи дека сите мрежни јазли се поврзани едни со други.
– Ring топологија – секој јазол е поврзан еден со друг од прв до последен, на начин на кој формираат прстен.
– Star топологија – значи дека сите јазли се поврзани со еден центар преку кабел и визуелно се претставени како ѕвезда. Центарот е главниот јазол на кој се поврзани сите други јазли. Во суштина, центарот функционира како повторувач за пренос на податоци и секој јазол има своја врска со центарот.
– Tree топологија – се однесува на сите јазли поврзани со коренски јазол кој формира хиерархија. Оваа хиерархија бара најмалку три нивоа.

Топологијата во форма на ѕвезда е една од најчестите мрежни конфигурации поради нејзините централизирани функции за управување. Протокот на комуникација во Star топологијата се управува од централната точка за пристап (CAP), а потоа се дистрибуира низ различни јазли поврзани со него. На пример, ако компјутерот 1 сака да испрати податоци до компјутерот 2, тогаш компјутерот 1 податоците ги праќа до CAP, која потоа ќе ја провери адресата на компјутерот кој треба да ги прими податоците, па потоа ги препраќа податоците до компјутерот 2, во нашиов случај. Во централизираната точка не се складираат никакви податоци или информации, туку таа служи само како точка на контакт за дистрибуција на информации помеѓу јазлите. Оваа топологија може да се имплементира со Ethernet или кабелски структури, безжични рутери или други компоненти, што го прави крајно прилагодлив на вашата мрежна структура. Корисниците во Star топологијата поради нејзината флексибилност, бидејќи е лесно да се додадат компјутери во мрежата, може да продолжат да функционираат без никакви прекини, дури и ако еден компјутер не успее да се поврзе.

Постојат многу предности на Mesh мрежата, но можеби најчестата е дека тоа е рентабилно и лесно решение за распоредување. Тоа значи користење на помалку кабли за да се формира вистинско безжично решение кое може да покрие големи области, се потпира на најчестите Wi-Fi стандарди и се автоматизира со тоа што автоматски  може да го пронајде најбрзиот и најефикасниот пат за пренос на податоци. Исто така, тоа е крајно прилагодливо и проширливо решение, бидејќи многу е лесно да се инсталираат или деинсталираат нови јазли во зависност од потребата на покриеност.

mk_MK