РЕКОРДНИТЕ ЖЕШТИНИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ПРОБЛЕМИ ВО НАПОЈУВАЊЕТО – UPS СИСТЕМИТЕ И УРЕДИТЕ ЗА ПРЕНАПОНСКА ЗАШТИТА СЕ РЕШЕНИЕТО ЗА ТОА
Се разбира, климатизацијата не е единствената жртва на прекините со струја. Незгоди трпат уредите во домаќинствата, како што се телевизори, фрижидери, компјутери, мрежни уреди и слично. Фреквенцијата на струјни испади ова лето ја нагласува потребата од задолжително користење на системи за заштита на електрична енергија. Такви се UPS системите и уредите за пренапонска заштита. UPS системите можат да ги задржат уредите да работат уште некое време во случај на испади и прекини на електричната енергија. На тој начин уредите се заштитени од струјно оштетување.
Рекордни температури низ целиот свет
Проблемот е со голем обем и тешко е да се заобиколи. Рекордни податоци на топлина го опфатија целиот свет. Кон крајот на јули, Јапонија забележа највисок температура до сега од 41,1° C. Таа температура е измерена во град околу 60 километри северозападно од Токио. Оваа измерена температура е речиси 10 степени повисока од највисоката просечна температура во Токио, 31,5° C.
Во Лондон, последниот петок во јули беше наречен „печка за печење“, додека Европа го доживеа својот најдолг топлотен бран од 1976 година, па навака. Амстердам и Ротердам во Холандија достигнаа рекордни температури од 34,8° C и 36,1° C, соодветно.
Во почетокот на јули, центарот на Лос Анџелес достигна нова рекордна температура од 42,2° C, што е за 12 степени повисока од највисоката температура во овој град некогаш измерена.
Кој го плаќа „данокот“ од високите температури?
Слична е и приказната со Тексас, каде изминативе месец дена беше измерена највисока температура од над 38° C. На таа температура се случија неколку распади на електричната мрежа.
Кон крајот на јули Fort Worth Star Telegram објави повеќе од 70 прекини на електрична енергија во областа на Далас. Ова беше причинето главно од високите температури. Проблемот тропна на врата на стотици жители и бизниси.
Причината за проблемот со електричните прекини е едноставна – вишок побарувачка. Според Ројтерс, електростопанството на Тексас прогнозираше дека побарувачката на електрична енергија ќе достигне 74 647 мегавати, во понеделникот на 23 јули. Врвот на рекордот беше достигнат неколку дена претходно – 73 259 мегавати. Еден мегават обично може да опслужува околу 1000 домаќинство, во идеални услови, но, при екстремно високи температури еден мегават може да опслужи само 100 домаќинства.
За таа цел, UPS системи и уредите за пренапонска удари, нудат одлична заштита од електрична енергија. Големата побарувачка на електрична енергија во топлите денови, прави проблем врз различни компоненти на електричната мрежа, од трансформатори до далекуводи, што резултира со неуспеси во системот за напојување. Овие проблеми, не се само досаден проблем, туку тие може да доведат до губење на вредни електронски системи и податоци.
За бизнисите, пак, кога ќе падне напонот, паѓаат компјутерите и серверите, што пак може да доведе до оштетување или губење на податоците. Исто така, паѓаат и мрежните врски, што доведува до губење на продуктивноста и приходите. Најдобар пример за ова се продажните места кои се потпираат на мрежни врски за процесирање трансакции.
UPS системите нудат неприкосновена заштита од вакви загуби. Во зависност од точниот модел, UPS-от може да ги одржува активни компјутерските системи и мрежната опрема уште неколку часа по прекинот на електричната мрежа. Тоа е сосема доволно долго за да се овозможи правилно исклучување на системските процеси кај компјутерите и серверите. На овој начин податоците се безбедни и заштитени.
Во домаќинствата, пак, UPS системите исто така нудат беспрекорна заштита. Можат да го продолжат времето на функционирање на некој уред уште извесно време, кога ќе настане прекинот во електричната мрежа. Ова важи подеднакво исто за сите уреди во домаќинството, како што се фрижидери, телевизори, уреди за готвење, бојлери и слични смарт уреди, кое скоро секое современо домаќинство ги поседува.
Пореметувањето во струјата, исто така може да резултира со пренапони на струја, кои негативно може да се одразат и да ги оштетат уредите. Пренапон е краток рафал на електрична енергија кој е повисок од пропишаниот дозволен напон во електричните и електронските уреди. Пренапонските удари може да се случат во секое време, но најразорни се тогаш кога се враќа струјата по прекинувањето.
Уредите за пренапонска заштита може да ги заштите компјутерите и мрежната опрема, како и некои скапи и чувствителни електронски уреди.
Пристап до ресурси за заштита од електрична енергија
За да дознаете повеќе за тоа како да постигнете поголема сигурност во вашиот електронски свет преку заштита на вашиот дом или бизнис од аномалиите во електричната мрежа, контактирајте не на нашиот добро познат телефон +389 2 2403 100 или побарајте понуда од нашите продажни лица на e-mail sales@fibernet.mk. За сите дополнителни стручни совети, тука е нашиот сервисен сектор, кој може да го комуницирате преку e-mail service@fibernet.mk.
Реагирајте навреме, пред да дојде невреме!