0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

R&MINTELIPHY – ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ИНФРАСТРУКТУРАТА

R&MinteliPhy воведува нова ера на управување со инфраструктура. Вашата физичка инфраструктура можете да ја управувате интелигентно и целосно автоматски.

R&MinteliPhy е најлесното и најфлексибилното решение на пазарот.
Не ви се потребни ниту специјални далноводи жици ниту далноводи панели, едноставно ви е потребно модифицирање на веќе постоечка инсталација. R&MinteliPhy ги задоволува потребите на вашата компанија. Вие можете да одберете кој дел и кога од нивната R&M инфраструктура сакаат да го автоматизираат.

– 59% од мрежните проблеми се предизвикани од физичкиот слој (Gartner Group)
– 28% од прекините се предизвикани од грешки при поврзување (Gartner Group)
– 30% од активните мрежни пренесувачи исчезнуваат за време на работењето поради недоволната документација (Forrester research)

Сигурна работа на сложени инфраструктури
Колку е поголем перформансот на модерните мрежи за податоци, толку посложена станува физичката инфраструктура. Оваа сложеност може да биде совладана со сервери за додатна база на податоци и цврста автоматизација. Поголемиот дел од администраторите за мрежи документираат податоци за конекции и мрежни кабинети во тефтери или на електронски таблети. Но, овој метод има свои недостатоци:

– рачното одржување на податоци никогаш не е комплетно или навреме, со типична стапка на грешка до околу 10%. Квалитетот на податоци најчесто зависи од една специфична личност.

– со текот на времето, документациските грешки резултираат со 20% и 40% заборавени активни мрежни приклучоци (Frost & Sullivan). Тоа е неактивен, неискористен капитал.
– 28 проценти од случаите на прекинувања може да се каже дека се последица на patching грешки (Gartner Group). Причината за ова е некомплетираната документација и недостатокот на контрола на местото.

Решението е R&MinteliPhy, едноставен, флексибилен и интелигентен систем за автоматизирано управување на инфраструктура (AIM). Трите дијаграми, мрежните мапи и значајните извештаи му даваат на администраторот прецизен преглед на мрежата. Анализите, дијагнозите, итната помош – сè може да биде згрижено централно со само неколку кликови на маусот. Графиците и статистиките можат да бидат направени за неколку секунди – за SLA согласност, за мониторинг, планиеање, анализи на ризик и за ревизии и сертификати. Обезбедената заштита, сигурност и усогласеност на податоците може да биде исполнета евтино и сигурно.

 

Едноставност
Целосна контрола со пет модули. Јасна, скаловидна, приклучна. Ова е начинот каков може да биде мрежниот мониторинг. R&MinteliPhy се состои од пет модули кои можат да се доградат или прилагодат во согласност со барањата. Областа со мониторинг содржи хардвер:

– RFID додатоци за конектори
– бариери со сензори за дановоди панели
– анализатори за мрежни кабинети

 

Областа за управување содржи:
– R&MinteliPhy сервер за урпавување
– клиент: веб-прелистувач или паметен телефон

Информациите за типот или задачата на конекцијате се зачувани во RFID додатоците на конекторот. Заштитата со RFID додатоци одговара на сите R&M оптички далноводи приклучоци од бакар и влакна. Може да се приклучи во кое било време.

 

„R&MinteliPhy мисли подалеку од пасивните мрежни инфраструктури.“

 

Бариерите со сензор без да се поврзат ги читаат информациите зачувани во секој RFID додаток. LED диодите ја сигнализираат работната состојба на приклучицте и покажува каде е потребно поврзување. Бариерите со сензор се поврзуваат со R&M далноводите панели без употреба на алати. Анализаторотсе поврзува со бариерите со сензор преку сервер. Тој има надзор врз сите приклучоци на бериерите со сензор преку главен кабел. Тој комуницира со серверот преку LAN или Интернет. Анализаторот може да контролира еден или повеќе кабинети истовремено. Додатните монитори можат да бидат додадени во секој кабинет. Тие покажуваат известувања за аларм или далноводи инструкции точно каде што им се потребни на техничарите. R&MinteliPhy серверот за управување испраќа информации на сите инфраструктури во точно време и ги прави достапни за клиентите. Веб-прелистувачот или паметниот телефон е сè што е пторебно за администрација, планирање или контролирање. Поврзувачот на корисникот е интуитивен и овозможува пристап до сите функции – од предупредување за распоредот во кабинетот и работни обврски.

 

„ R&M поставува стандарди за автоматизирано управување на инфраструктура.“

 

Систем кој знае едноставно сè
Дали постои поголемо знаење и информации во пасивната инфраструктура од тоа што мрежните администратори можат да очекуваат?
Одговорот е: да. Со R&MinteliPhy, дигиталната интелигенција доаѓа точно преку секој далноводен панел. Одеднаш целото знаење е достапно со клик на маусот – информации за сите кабли и жици, статусот на секоја конекција и задачите на сите приклучоци. Еден централен сервер знае како целата мрежа работи. Тој може да ги примети веднаш сите грешки и неправилност. Тој ги известува локалните техничари каде треба да се направи поправка. Тој ги знае сите позиции на слободните приклучоци. Тој помага во планирањето на промените и го следи нивното правилно извршување.

R&MinteliPhy ги пресметува оптималните рути на каблите и должината на жиците во комбинација со географските системи за информации, мапите на локациите или подните планови. Изгледот на мрежите, кабинетите, компјутерсктие соби и мрежните компании е покажано во 3Д. Големите библиотеки на шаблони за активни или пасивни мрежни компоненти помага при планирањето. Тоа се алатките за совршено управување на нови инсталации и сложени промени на проекти. R&MinteliPhy креира распоред на работата со логичен редослед, комплетиран со листа на материјали, етикети итн. и ги праќа преку електронска пошта или паметен телефон на групата за инсталирање. Оптичките сигнали на бариерите со сензор покажуват кои кабли со кој приклучок треба да бидат поврзани. Текот на работата е под постојан надзор. На овој начин R&MinteliPhy помага да се спречат грешките каде што најчесто се појавуваат.

 

Флексибилна размена на податоци и проширени функции
 IT менаџерите имаат придобивки со R&MinteliPhy бидејќи системот мисли надвор од реалноста на пасивната мрежна инфраструктура. Секоја мрежа – без разлика дали е во зграда, канцеларија или центар на податоци – е итнегрирана во средината на различен начин. Напојувањето, климатизерите, сигурноста и многу други работи влијаат врз работата на мрежите за податоци.
Поради тоа R&MinteliPhy поддржува соработка со други системи за управување. Софтверските модули можат флексибилно да се конфигурираат за да овозможат размена на податоци меѓу различни системи преку голем број на протоколи. Овие карактеристики на интеграцијата на податоци дава информации достапни за R&Mint­eliPhy поврзаниот корисник, на пример за моменталното потрошување на енергијата на контактите за центарот за податоци, аларми и врати или моменталното читање на температурата и влажноста.
Сите R&MinteliPhy функции можат да бидат испратени и преку Application Programming Interface (API) за да се поддржат сложените интеграции. На пример IT сервисот за управување на апликации може преку API да испрати работни задачи до R&MinteliPhy  и да ги врати информациите назад откако распоредот на задачите ќе биде извршен коректно.

 

Партнерство
R&MinteliPhy корисниците добиваат целосна поддршка од планирањето на управувањето на нивната инфраструктура преку секојдневното работење на нивниот AIM систем. Обучените и сертифицирани сервисни партнери нудат поддршка од прво ниво на локацијата. R&MinteliPhy центарот за обука и R&M централата се одговорни за поддршка од второ ниво. Светската организација за сервис R&MinteliPhy гарантира дека корисниците имаат придобивки од R&MinteliPhy системот за време на целиот животен циклус.
Пакетите на услуги можат да бидат одбрани самостојно за да одговараат на одредени специфични барања на клиентот. Тие вклучуваат:

– Планирање, конфигурирање и инсталирање на базата на податоци
– Инсталирање и пуштање во работа
– Проверки на функционирање и прифаќање
– Одржвуање на хардверот со промена на програм
– Локална обука и поддршка на локација
– Далечинска поддршка преку е-пошта, мобилен телефон и далечински пристап
– Обнова и надградба на софтвери
– Продожување на библиотеката со компоненети со нови шаблони на модели

Кога станува збор за планирањето, R&M и R&MinteliPhy сервисните партнери исто така нудат преместување на постоечките документи во R&MinteliPhy мрежната база на податоци.

 

„R&M дури води грижа и за преместување на постоечките документи.“

mk_MK