LIGHT + BUILDING: ДИГИТАЛНО ПЛАФОНСКО КАБЛИРАЊЕ
На овој настан R&M покажа како секоја лед светилка би можела да има своја IP адреса. Централна тематика беше структурното каблирање за smart канцелариски згради, како и LAN интеграција на PoE и функционалностите на зградата кои се базирани на IP технологија.
R&M ги поддржува последните трендови за „дигиталниот плафон“ со цел да се интегрира плафонската инфраструктура во LAN мрежите. Сензорите и контролите за LED светилките, уредите за климатизација како и уредите за видео надзор, сите можат да бидат поврзани на многу поедноставен начин со дизајнирање на услугите на самата smart зграда како и користење на Internet of Things уреди. Функциите и услугите што во минатото биле раководени одделно, сега за прв пат можат да бидат споени во LAN мрежата. Ова дозволува автоматизација на голем број функции кои ги нудат денешните smart канцеларии и згради, која досега не била возможна врз база на Ethernet/IP.
R&M има развиено посебни уреди за дигитално плафонско каблирање кои можат да бидат инсталирани во нови канцелариски градби, но и во адаптирани стари градби. Покрај каблирањето потребно за LAN мрежата, тие исто така содржат напојување за крајните уреди, како и децентрализирани свичови на плафонот. Меѓу другото, R&M ја подржува комбинацијата на конекции за податоци и напојување кога станува збор за интелигентно LED осветлување, познато како Smart Lighting. LED светилките се напојуваат со енергијата која тече низ каблите наменети за податоци – ова е познато како Power over Ethernet (PoE). Истовремено, штедливите светилки добиваат своја уникатна IP адреса во рамките на LAN мрежата и следствено и тие стануваат дел од феноменот познат како Internet of Things. Но можностите не престануваат тука, WLAN антени, видео камери, безбедносни системи, детектори за чад, сензори за температура, воздух и движење, LED екрани и терминали, сите можат да бидат интегрирани во Internet of Things.
Иновативни и лесни за инсталација производи, како U-Box се срцето на овие решение за каблирање наменети за smart канцеларии и функционални градби. Мултифункционалното flat distributor куќиште може да обезбеди 24 PoE конекции како и напојување од 230V. Овој производ може да служи како точка за консолидација (consolidation point | CP) при инсталација во дупли подови и за приклучоци (service outlets | SO) на плафонот.
PoE е убедливо основата кога станува збор за Internet of Things и технологија на паметни згради. Доколку крајните уреди се напојувани од LAN мрежата, инсталацијата на истите е значително поедноставна. Сепак, електричниот аутпут се зголемува, бидејќи повеќе крајни уреди бараат повеќе енергија и константно снабдување со истата. Во иднина до 100 W ќе бидат снабдувани преку 4PPoE.
Инсталационите кабли, контактите и конекторите мораат да бидат специфично дизајнирани за да ги поднесат овие високи напони. R&M го гарантира квалитетот и издржливоста на сите PoE нивоа со новиот печат „PowerSafe”.
Компактни и прилагодливи LAN distributors се понатамошна основа за сите модерни инфраструктури. На light+building саемот, R&M го презентираше 19” орман кој ги прикажува последните решенија за канцелариски згради и дата центри со повеќе од 42 висински единици. Ова вклучува нов печ панел кој има 48 приклучоци од највисоката Cat. 6A категорија во една висинска единица (1 U). RJ45 модулите можат да бидат отклучани од предниот дел за миг. Покрај модулите за бакарно каблирање, панелот може исто така да смести LC Duplex и SC Simplex FO адаптери. Како резултат на сето ова, корисниците уживаат во значителни заштеди благодарение на разновидните функционалности и зголемената густина на печ панелот.
За 19” rack-ови и Optical Distribution Frames R&M го претстави модуларното куќиште за дистрибуција наречено CombiMODULE. Достапо е во 4 и 10 висински единици (U). 5U верзијата има место за до 288 plug или 576 strictly splice конекции, додека 100U моделот може да смести 576 plug и 1,152 сплајс конекции. Куќиштето овозможува секакви комбинации на splice и patch единици.
CombiMODULES се структурната компонента од R&Mfoxs линијата на производи наменета за јавни оптички мрежи. Ги собира во сите 19” ормани, било во дата центри, улични ормани или во FTTH инфраструктурни објекти. Во Франкфурт беше демонстрирано решение за сите потреби на мрежните оператори кои одржуваат оптички мрежи. Ова вклучува опремување на ODF ормани по потребите на клиентот, како и решенија за колокација, за GPON инфраструктура и мешовита P2P и P2MP апликации во улични ормани.