0%

Телефон:

+389 (0)2 2403-100

Е-пошта:

sales@fibernet.mk

Новости

ЛУКСУЗЕН КОМПЛЕКС АПАРТМАНИ ВО ИНДИЈА ГО КОРИСТИ GRANDSTREAM ЗА ДОМОФОНИЈА СО АУДИО/ВИДЕО КОМУНИКАЦИЈА

Корпорацијата ABA веќе 25 години поставува индустриски стандарди во индискиот сектор за недвижности. До сега имаат завршено многубројни реномирани проекти и сервисираат познати места во регионот. Корпорацијата ABA, исто така, има развиено голем број резиденцијални апартмани и комерцијални комплекси за домување, добро познати во регионите Оринџ и Клео. Компанијата е позната по својата посветеност на квалитетот и тематските дизајни.

Барање
Корпорацијата ABA презема нов резиденцијален проект во регионот Клео, во Индија. Овие висококатници со повеќе од 2000 апартмани имаат потреба од сеопфатен пристап до објектот, интерком комуникација и решение за безбедност за се задржи сигурноста на корисниците, да се обезбеди лесна видео комуникација низ кулите, да се управува со пристапот до комплексот и да се чува околната област. Исто така, потребно е централизиран комуникациски хаб, со видео, аудио и веб комуникација во секој апартман. Кулите располагаат со високо луксузни апартмани, па затоа потребно е решение за претставување на тој луксуз преку елегантни и иновативни и технолошки напредни решенија.
Корпорацијата ABA започна со градењето на пристапот и комуникацијата. Стапија во контакт со локалниот технолошки интегратор Kruti Group, за совет и помош во дизајнирањето и проектирањето на решението за целиот комплекс. По разгледувањето на најразлични производи од повеќе производители, како и согласно препораките на Kruti Group и нивниот дистрибутер Cohesive Technologies, корпорацијата ABA одлучи да го изгради своето решение базирано на Grandstream UCM6510 IP PBX централа и GXV серија на IP видео телефони со Android платформа.

Решение
Grandstream UCM6510 IP централата беше избрана за да го олесни целото решение, во комбинација со Grandstream GXV серијата IP видео телефони со Android. Беа додадени и 2N Video Door телефони и Milesight IP камери како проширување на телефонската централа. Корпорацијата ABA ја одбра токму Grandstream UM6510IP централата, бидејќи нуди сеопфатни функции за глас, видео, податоци и мобилни карактеристики. Лесна е за конфигурирање и проширување на нејзината функционалност, а за тоа не се потребни дополнителни трошоци по функција.
IP видео телефоните од GXV серијата на Grandstream беа инсталирани во сите апартмани, во сите области на персоналот и сите општи области на комплексот, за да обезбедат видео комуникација со домофон и и видео безбедносен монитор. Оваа популарна серија на Grandstream, беше одбрана токму поради нејзиниот елегантен дизајн, способност за поддршка на видео повик и проширувањето на Android можностите за корисниците. Grandstream GXV3275 телефон беше инсталиран во секој апартман за да им овозможи на сопствениците аудио/видео комуникација со посетителите на секој од пристапните влезови. Сопствениците и безбедносниот персонал, можат да ги гледаат безбедносните камери во живо на своите инсталирани уреди во апартманот, едноставно со бирање на продолжување. Овие IP Android телефони имаат феноменален веб интерфејс и пристап до многу кориснички апликации, како и други аудио/видео комуникации.
Две UCM6510 централи беа инсталирани централно во сервер собата во кулата, додека 2500 GXV3275 телефони беа инсталирани низ комплексот во сите простории, вклучувајќи ги и сите апартмани. Видео домофони беа инсталирани на сите влезови од комплексот, додека пак, IP камери беа инсталирани во заедничките простории, ходниците и областите со ограничено движење. Секој од уредите беше регистриран како екстензија на една од двете UCM6510 централи, за да се овозможи лесно подесување и користење помеѓу уредите. Целокупната мрежа во комплексот беше инсталирана како внатрешна SIP мрежа, со проследување на целиот сообраќај преку UCM6510 централа.

Резултат
Решението на Grandstream инсталирано во резиденцијалниот комплекс во областа Клео, Индија изгради безбеден комплекс на повеќе начини, овозможувајќи притоа непрекината и квлитетна аудио/видео комуникација низ целиот комплекс. Решението овозможува сеопфатна гласовна и видео домофонија низ просториите на комплексот, со што им овозможува на корисниците и персоналот комплетна контрола врз посетителите. Исто така, овозможена е лесна и брз комуникација помеѓу персоналот и корисниците. Корпорацијата ABA нагласи дека, корисниците сакале елегантен и иновативен систем на комуникација. Благодарение на Grandstream, овој резиденцијален комплекс во областа Клео, Индија, претставува атрактивна дестинација за корисниците и посетителите, чиј стандард слободно може да се мери со луксузот.

mk_MK